Пад на цените на недвижностите во ЕУ за 1,5 отсто во последниот квартал од 2022 година

April 4, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Цените на недвижностите во Европската Унија (ЕУ) паднаа за 1,5 отсто во последниот квартал од 2022 година во споредба со претходниот квартал, пренесува Анадолу.

Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави податоците за цените на недвижностите во четвртиот квартал од 2022 година.

Според најновите податоци, цените на недвижностите во ЕУ паднаа за 1,5 отсто во последниот квартал од минатата година во однос на претходниот квартал, што претставува прв пат од 2015 година цените на недвожностите во земјите на ЕУ да паднат на квартално ниво.

Сепак, цените на становите во ЕУ се зголемени за 3,6 отсто во споредба со истиот период во 2021 година.

Во истиот период цените на становите во еврозоната паднаа за 1,7 отсто во однос на претходниот квартал, а пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво.

Во Данска, во четвртиот квартал од 2022 година, во однос на претходниот квартал, е забележан раст на цената на недвижностите од 6,5 отсто, што е највисок во ЕУ, потоа Германија со 5 отсто, Кипар 4 отсто, Шведска 3,6 отсто, Финска со 3,4 отсто и Холандија со 2,6 отсто.

Цените на недвижностите во Италија останаа стабилни, а најголем раст на цените е забележан во Хрватска со 4,7 отсто и Романија со 2,5 отсто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Аргентинска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на аргентински специјалитети со звуците на тангото

Следно

Градежна офанзива во Општина Бутел: Ќе се асфалтираат улици и ќе се градат рекреативни центри

Latest from Blog

Низ Ормутскиот теснец помина првиот крузер од почетокот на војната

Бродот под малтешко знаме денеска исплови од Дубаи, каде што беше закотвен 47 дена, а неговата дестинација е Оман. Според извештаите, тој плови без патници, пишува „Еуроњуз“. Преминувањето на крузерот се случи неколку

Неизвесно лето пред нас – цените на билетите вртоглаво растат

Ескалацијата на вооружените конфликти на Блискиот Исток фрли сенка врз претстојната летна туристичка сезона, заканувајќи се сериозно да ги наруши клучните воздушни коридори меѓу Европа и Азија. Она што требаше да биде

Сасуоло победнички со Комо!

ФОТО:.facebook.com/como1907srl/ Сасуоло го победи Комо со 2:1 во првиот натпревар од 33-то коло од италијанската Серија А. Со овој триумф, Комо ги загрози своите шанси за сензационален пласман во Лигата на шампионите.
Go toTop