Во војната загинаа и 262 украински спортисти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит

April 2, 2023
1 min read

Војната на Русија против Украина досега ги однесе животите на 262 украински спортисти и уништи 363 спортски објекти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит.

На средбата со претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација, Моринари Ватанабе, украинскиот министер кажа дека на ниту еден руски спортист не смее да му се дозволи да учествува на Олимпијадата или на други спортски натпревари,пренесе Хина.

-Сите тие ја поддржуваат оваа војна и присуствуваат на настани што се одржуваат за поддршка на војната, изјави Хутсаит, а пренесе Интернет-страницата на претседателот Володимир Зеленски.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача постепено враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања, како неутрални натпреварувачи, иако се уште нема одлучено за нивното учество на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Украина во петокот соопшти дека на нејзините спортисти нема да им биде дозволено да учествуваат во квалификациите за Олимписките игри во 2024 година доколку мораат да се натпреваруваат против Русите, одлука што ја критикуваше ИОК.

Бројката на загинати украински спортисти или уништени спортски објекти засега не може да се провери од независни извори.

По инвазијата на Русија врз Украина на 24 февруари 2022 година, голем број украински спортисти доброволно го земаа оружјето за да ја одбранат својата земја.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Лицата со аутизам ја имаат нашата поддршка, подготвени сме заеднички да ги надминеме сите предизвици и пречки

Следно

Турскиот министер за одбрана: „Во последните три месеци Туркије неутрализира 340 терористи“

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop