Oбид за внесување мобилни телефони во штипскиот затвор

January 4, 2023
1 min read

Директорот на Затвор Штип, Мики Тодоров денеска информира дека при претрес на ноќна смена од страна на командирот, кај виш надзорник на влезот во затворот се пронајдени три мобилни телфони.

-Вчеравчер на ноќна смена командирот направил претрес и кај еден од вработените на влезот во затворот се пронајдени три мобилни телефони. Направен е записник од негова страна, а со допис случајот е пријавен во полицска станица Штип. Вработениот тврди дека телефоните се на негов роднина, кај кој бил на посета непосредно пред да дојде на работа. Чекаме од полицијата да утврдат чии се телефоните и дали се можеби од друго кривично дело и согласно на тоа ќе се постапува во иднина, вели Тодоров.

Настанот го потврдуваат и од СВР Штип. Од таму велат дека пријава има и дека во тек е предистражна постапка, и повеќе информации ќе има по незјино завршување.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР: 125 санкции за брзо возење

Следно

Најголемиот број луѓе се на антидепресиви што не им требаат

Latest from Blog

МЛС го истражува трансферот на Касемиро во Интер Мајами!

Фото: Интер Мајами Интер Мајами го обезбеди доаѓањето на Касемиро како слободен агент, но Американската фудбалска лига (МЛС) веднаш започна официјална истрага за трансферот. Лигата ги истражува наводите за нелегални преговори направени

ВЛЕН: Таравари да одговори каде исчезнаа милионите за водоснабдувањето во Гостивар

 ВЛЕН упати серија обвинувања кон Арбен Таравари, тврдејќи дека неговите сегашни изјави се во спротивност со ветувањата што ги давал додека бил на чело на Општина Гостивар. Од ВЛЕН посочуваат дека Таравари

Четиринаесет Американци поради ебола завршиле во карантин во воена база: Тоа не е легално

Патниците, кои се вратиле по копнен пат преку Канада, немале симптоми на болеста и не се сметало дека претставуваат ризик од ширење на болеста, според интерни документи и потврди од две лица

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија. Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите
Go toTop