ДУИ на нов состанок, на дневен ред и револтот на „огнените“?

April 1, 2023
1 min read

Османи рече дека ќе се разговара за сите прашања што ќе бидат покренати од членовите на претседателството, а Меџити, кој е дел од огнените, кратко одговори дека очекува да се дискутира „за ДУИ“

Раководството на ДУИ денеска од 13 часот е на состанок во партиското седиште во Мала Речица, а на него се очекува да се разговара и за внатрепартиските прашања што се наметнаа по револтот кој јавно го искажа т.н. огнена група во однос на партиските функционери во извршната власт.

Во пресрет на состанокот, министерот Бујар Османи, посочи дека ќе се разговара за сите прашања кои останале неразговарани на претходната седница, а кои ќе ги покренат членовите на претседателството.

На прашање дали и барањата на „огнените“ ќе бидат ставени на дневен ред, тој одговори дека ќе се дискутира за секое прашање што ќе го покрене претседателството.

Новинарските екипи го забележаа и пристигнувањето на потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е еден од „најистурените“ играчи од огнената група. Прашан за што очекува да се разговара на средбата, како што пренесува ТВ 21, Меџити кратко им одговори на новинарите: „За ДУИ“.

Претходниот состанок раководството на ДУИ го одржа пред точно една недела, но тогаш се разговараше само за иницијативата „Фронтот за Европа“. Лидерот Али Ахмети по тогашниот состанок најави дека денеска ќе се разговара за „развојот внатре во ДУИ“.

„Следната недела ќе разговараме за конкретни делови за работа на Фронтот, но и за развојот внатре во ДУИ и другите партии. ДУИ не е направена за да се распадне, туку е формирана за да гради. Нашата партија не е формирана за поделби, туку да формира нови работи. Разговаравме за европскиот фронт. Ако е потребно, може да разговараме пак за таа тема“,

рече Ахмети мината сабота.

По таа средба, и членовите на „огнените“, кои беа присутни на седница, најавија дека за нивните барања ќе има дебата наредната недела односно денеска.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Франциск излезе од болницата Гемели во Рим

Следно

Изборен молк во Бугарија пред утрешното гласање на петите парламентарни избори во последните две години

Latest from Blog

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони

Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема

Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема. Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор
Go toTop