Демонстрации против полициското насилство во Франција

March 31, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Во различни француски градови одржани се демонстрации против полициското насилство, јавува Анадолу.

Во саботата во централниот дел на Франција се одржа протест на еколошки активисти поради изградбата на големи базени за наводнување на нивите. Дојде и до полициска интервенција во која беа повредени голем број лица.

Локалните медиуми објавија дека илјадници луѓе излегле на улиците во различни градови, како Париз, Лион, Нант и Лил.

Додека демонстрантите се собираа на плоштадот пред градското Собрание во Париз, некои од нив се разотидоа во споредните улици. Полицијата одговори со солзавец додека демонстрантите палеа канти за отпадоци и барикади.

Во Париз се повредени седум лица, а во Лион најмалку две.

Илјадници еколошки активисти на 25 март одржаа демонстрации во селото Сен Солин во департманот Де-Севр поради изградбата на 16 големи базени за наводнување.

Во судирите се повредени седум демонстранти и 28 припадници на жандармеријата.

Меѓутоа, организаторите наведоа дека биле повредени околу 200 демонстранти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Tрансродовите лица денеска на марш низ Скопје

Следно

Изречени 237 санкции за возачи во Скопје

Latest from Blog

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и
Go toTop