Стефковски бара Град Скопје да ги врати старите имиња на улиците во Гази Баба

March 30, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово поднесе Иницијатива до Градот Скопје за враќање на старите имиња на улиците во општина Гази Баба.

-Имено на предлог на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, Советот на Град Скопје на својата 67ма седница оддржана на 30 Март 2021 година донел Одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Градот Скопје. Без никаква консултација и согласност со граѓаните на општина Гази Баба, тогашното раководство на градот донело одлука да се преименуваат 34 улици помеѓу кои: Фуштанска, Радован Ковачевиќ, краци од Благоја Стефковски, крак од улица Товарник и други улици на нашата територија, појаснува првиот човек на општината. 

Тој потенцира дека до него пристигнале голем број на реакции од граѓаните што ги смета за оправдани, бидејќи како што вели, без дијалог и согласност од граѓаните, не се донесуваат одлуки.

-Барањата на граѓаните се и мои барања.Некој воден од лични и политички причини во пресрет на тогашните локални избори спровел нетранспарентен процес и затоа барам истиот во целост да биде поништен. Од првиот ден на мојот мандат кажав дека секогаш ќе бидам на страната на граѓаните на општина Гази Баба, така било до сега и така ќе биде секогаш, напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јапонскиот премиер: Со свои очи ја видов руската агресија во Украина

Следно

Соопштение за јавност 30.3.2023

Latest from Blog

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО НА НЕТАНЈАХУ ЗА КОРУПЦИЈА! Војните како спас од судска пресуда

Долготрајното судење за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе продолжи во недела, изјави портпаролот на судството во четврток, неколку часа откако Израел ја укина вонредната состојба воведена поради војната против Иран.

Николоски: Инфраструктурата е основа за развој – Коридорите 8 и 10 како приоритет за економската и безбедносна стабилност на државата

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека Македонија треба да се приклучи на иницијативата на САД „Три мориња“ поради геостратешкиот интерес на државата. Тој нагласи дека Коридорите 8
Go toTop