Пролетна акција за косење на тревните површини во Кисела Вода

March 29, 2023
1 min read

Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ Општина Кисела Вода. Започнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници, соопшти општинската прес-служба.

Косењето на тревната вегетација и уредувањето на парковското зеленило денес се одвива во урбаната заедници 11 Октомври Згради со фокус на трим патеката, која најмногу се користи од рекреативците. Се коси во Пржино и Црниче, од вчера и во селото Драчево, додека минатата седмица вакви активности се одвиваа и во населбата Драчево. Пролетната акција за уредување на Кисела Вода продолжува и во наредните денови. Утре ќе се коси во Бирарија и Цветан Димов, а ќе продолжат ваквите активности и по трим патеката.

– Ги повикуваме сите граѓани кои забележале некоја поголема тревна површина која треба да биде уредена или знаат за некој дел кој случајно бил изоставен при досегашните активности, да ги информираат општинските служби, по што ќе може да се интервенира. Паралелно, локалната самоуправа работи и на расчистување на отпадот и новоастанатите мини депонии, за кои повторно ќе апелираме на совесно однесување на граѓаните, наведуваат од Општина Кисела Вода.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјите на ЕУ го усвоија нацртот за дигитална реформа на процедурата за Шенген-визи

Следно

Русија започна воени вежби со интерконтиненталната балистичка ракета „Јарс“

Latest from Blog

Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко – еден од најгласните активисти за правата на Ромите

Македонската јавна сцена и новинарската заедница изгубија еден од своите најавтентични ликови. На 64-годишна возраст, под долго боледување, почина Рамуш Муарем – Цирко, новинар, уредник, актер и еден од најгласните активисти за

Доку го остави сонот за титула жив

Каква лудница на „Хил Дикинсон“ ни приредија Евертон и Манчестер Сити. Натпревар во кој двата тима одиграа по едно брилијантно полувреме и кој на крајот заврши со нерешен резултат 3:3. Момците на

Драма на крузер: Тројца починати од хантавирус- забранет му е влез во пристаниште

Крузерот, кој патувал од Аргентина до Зеленортските острови, бил задржан покрај брегот, а на патниците им било забрането да го напуштат бродот. Случајот со инфекција на крузерот е под истрага. Властите на
Go toTop