Земјите на ЕУ го усвоија нацртот за дигитална реформа на процедурата за Шенген-визи

March 29, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Амбасадорите на Европската Унија (ЕУ) денес го усвоија заедничкиот став за дигитална реформа на процедурата за Шенген-визи, пренесува Анадолу.

„Амбасадорите го одобрија преговарачкиот мандат на Советот на ЕУ, институцијата на ЕУ што ги претставува земјите членки, за почетокот на разговори со Европскиот парламент за новите визни правила“, се вели во соопштението.

Според реформата, ЕУ ќе создаде единствена дигитална платформа за аплицирање за визи наместо да се аплицира во различни национални конзулати.

Патниците ќе може да ги прикачат потребните документи, да ја платат таксата и да ја следат обработката на нивната апликација преку веб-страницата.

Тие, исто така, можат да наведат дали планираат да посетат неколку земји на ЕУ, по што системот автоматски ќе може да определи која земја од ЕУ е одговорна за издавање на визата.

Како важна промена, реформата ќе ги укине визните налепници и ќе го избере дигиталниот формат на криптографски потпишан 2D-баркод.

„Онлајн аплицирањето ќе го намали бројот на патувања до конзулатите за патниците и ќе го направи процесот полесен за националните администрации“, изјави шведската министерка за миграции, Марија Малмер Стенергард.

Таа, исто така, истакна дека „дигиталната виза ќе стави крај на ризикот од фалсификување и кражба на виза-налепницата.“

Институциите на ЕУ ќе започнат преговори за деталите од реформата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Естонија ја реновираше својата армијата на сметка на Украина

Следно

Пролетна акција за косење на тревните површини во Кисела Вода

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop