Ретко се случува Елиф Елмас да добие црвен картон, вечерва на мечот Аталанта – Венеција беше исклучен за првпат во кариерата на еден лигашки натпревар.
Претходно, Елмас поцрвенувал само по еднаш во дресот на репрезентацијата на Македонија во Лигата на нации во октомври 2018 на гости кај Ерменија, и како играч на Фенербахче на меч од Купот на Турција против Умранијеспор во јануари 2019.
Тие мечеви со Ерменија и Умранијеспор, Елмас ги губеше, за разлика од вечерва кога неговиот тим победи, а Дијамантот придонесе со асистенција и малкиу фалеше да го одигра целиот меч, бидејќи беше исклучен во 89-та минута.
Ова е грубиот невнимателен фаул од позади за кој Елмас прво доби жолт картон, а потоа по прегледување на снимка црвен картон и мораше да замине во соблекувална.
Eljif Elmas has been booked a red card 🟥
Atalanta are down to 10 men https://t.co/Al6LhDMt4T
— Ayuba | Football News (@ayubafootball) October 12, 2026
Извор: sportmanija.mk


