Туркије: Мачка спасена од урнатините 49 дена по земјотресот

March 28, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – АЛИ БАЛИ / АЛИ РИЗА АКИР –

Од урнатините на зграда на југот од Туркије спасена е мачка која под урнатините поминала 49 дена, јавува Анадолу.

Разорни земјотреси ги погодија јужните региони на Туркије на 6 февруари, со епицентар во областа Кахраманмараш, од каде што доаѓа и оваа трогателна приказна за преживеан домашен миленик.

Сопственичката на мачката, Нида Дина, (36) и нејзината ќерка секојдневно доаѓаа до урнатините на зградата и во соседните улици во населбата Оникишубат ја барале својата двегодишна мачка Хан.

„Нашата зграда е оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но мачката не можевме да ја најдеме бидејќи се сокри. Ја баравме секој ден и ја пронајдовме сега кога започна отстранувањето на урнатините на нашата 11-катница.

Истакнувајќи дека се среќни поради ова чудо, Дина рече дека луѓето никогаш не треба да губат надеж бидејќи чуда навистина се случуваат.

„Во моментов, Хан е во ветеринарната станица. Има проблеми со ногата и во тек е целосен преглед. Се надевам дека ќе ги надмине сите проблеми“, рече Дина.

Ветеринарката Фатма Ѓул Ханџуоглу лично и претходно се грижела за мачката Хан, и сега е среќна што ја гледа жива по 49 дена од земјотресот.

„Ја извлековме и веднаш го повикавме сопственикот. Таа постојано доаѓаше и прашуваше за мачката“, рече Ханџуоглу.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Аеродром: СДСМ нема право да зборува за проекти, нивниот единствен проект предвидуваше сечење дрва

Следно

Португалија: Две лица загинаа во напад во исламски центар во Лисабон

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop