НОБ ГО ОБНОВИ БАЛЕТОТ „ЗАСПАНАТА УБАВИЦА“ ЧИЈА ПРЕМИЕРА БЕШЕ ПРЕД 12 ГОДИНИ

March 28, 2023
1 min read

По пауза од неколку години, Националната опера и балет (НОБ) ја обнови балетската претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски, која ќе се изведе вечерва во 20 часот. Премиерата на овој балет, кој  со сложените варијации и чистата класична техника важи за врвен балетски бисер, беше во 2011 на Мајските оперски вечери. Билетите за вечерашната изведба се распродадени.

Вечерва ќе диригира Бисера Чадловска, а главните улоги ги играат Марија Кичевска-Шокаровска, Франциско Хименз Руиз (Шпанија) и Ивана Коцевска. Кореографијата е на Виктор Јаременко од Украина, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн е Милчо Александров.

Следната изведба е закажана на 12 април, со Мими Поп Алексова-Атанасовска, Франциско Хименз Руиз и Наташа Трендафилова-Гицев, солисти и балетскиот ансамбл во придружба на Оркестарот на НОБ.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саутгејт: Со Македонија нема да биде лесно, ќе играме во најсилен состав

Следно

Изложбата „Минливост“ на Тони Попов во Културно-информативниот центар – Скопје

Latest from Blog

Се забрзува изградбата на пругата кон Бугарија: Делницата Бељаковце – Крива Паланка стигна до 40%

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, информира дека во моментов интензивно се работи на мостот број 7, кој со должина од 194 метри е најдолгиот мост на оваа делница. Делницата е долга

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата
Go toTop