Околу 300.000 бегалци од Украина остануваат во Чешка

March 27, 2023
1 min read

Во Чешка, која од почетокот на војната во Украина привремено прими 502.000 бегалци од таа земја погодена од војна, останаа помалку од 300.000 Украинци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Чешката Република на бегалците им одобри визи и привремено засолниште, по што некои Украинци се вратија во татковината, додека некои заминаа во други земји.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан во март објави дека очекува, врз основа на искуствата од слични типови миграциски кризи, 40 до 45 отсто од луѓето принудени да ги напуштат своите домови поради војната да останат во земјите во кои побегнале.

Ракушан предупреди дека во Чешка има специфична група бегалци бидејќи тие се претежно жени и деца.

Чешката влада до март 2024 година ги продолжи правилата за компензација за сместување бегалци од Украина во пансиони и хотели.

Измените на таканаречениот лекс Украина, закон кој ја регулира помошта за бегалците од Украина, се однесуваат на тоа дека од јули бегалците ќе можат бесплатно да престојуваат најмногу 150 дена, а потоа ќе треба да платат дел од трошоците.

Мајките со мали деца, инвалидите и старите лица се ослободени од плаќање.

Владата се залага бегалците да поминат што е можно пократко време во колективно сместување во сали, не подолго од еден месец и до три месеци во хотели и пансиони.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И покрај одложувањето на судските реформи, израелскиот премиер Нетанјаху вели оти тие се неопходни

Следно

Германија ѝ ги испорача ветените „леопарди“ на Украина

Latest from Blog

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача

ВИДЕО | ХОРОР ВО РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ: Руски дронови погодија трговски центар, 16 лица загинаа

Спасувачите во Кривји Рих и натаму се борат со последиците од еден од најтешките напади врз градот во последниот период. Во разорниот руски напад со беспилотни летала врз трговски центар загинаа 16

Проданоски: По повеќе од 40 години, монументалната скулптура повторно се враќа во Прилеп

Прилеп добива нова уметничка и урбана димензија преку поддршката на 18-тата Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен, со посебен фокус на создавање монументални скулптури. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека

Димитриеска-Кочоска: Нема лиценца без проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на парите

Министерството за финансии продолжува со имплементацијата на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој беше донесен на крајот на јуни, со цел воспоставување современа регулатива, посилна контрола
Go toTop