Пелеши: Сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″ испорачуваат слики четири пати неделно

March 27, 2023
1 min read

По лансирањето на сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″ најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, изјави албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши.

Додаде дека тие може да дадат информации и за приватни компании кои ќе покажат интерес.

– Откако ќе ја изградиме процедурата, можеме да сателитите да ги отвориме за користење на заинтересирани приватни инвеститори. Најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, посочи тој Пелеши.

Сателити кои Албанија ја чинеа шест милиони долари беа лансирани на 3 јануари годинава од базата Кејп Канаверал на Флорида како дел од мисијата „Транспортер-6“ на американската компанија Спејс Икс.

-Албанија сега има повеќе високотехнолошки способности за контрола, заштита и управување со својата територија, обезбедувајќи витални податоци во реално време за голем број клучни аспекти за одржлив развој, оцени премиерот Еди Рама соопштувајќи ја веста.

„Сателитите се ставени на располагање на институциите кои вршат задачи поврзани со територија, вода, шуми, пожари, урбан отпад или земјоделско производство. Имаме специјализирана екипа која ги обработува добиените слики. Ќе биде зголемен бројот на вработени, но и нивните месечни примања“, нагласи Пелеши.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Судир меѓу автомобил и мопед, едно лице заврши во болница

Следно

Приведени 18 лица по инцидентот на дербито меѓу Вардар и Пелистер

Latest from Blog

Карл Билд: Сè укажува дека Доналд Трамп ќе ја нападне Венецуела

Поранешниот шведски министер за надворешни работи, Карл Билд, денес изјави дека очекува напади од САД врз Венецуела. „Сè укажува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе изврши напади во Венецуела. Тој ја овласти

Администрацијата на Трамп планира мисија во Мексико против нарко-картелите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна детално да планира нова мисија во која американски војници и разузнавачи би биле испратени во Мексико за борба против нарко-картелите, потврдија двајца американски функционери и
Go toTop