Прашањето за формирање на ЗСО може да се реши со конечен договор меѓу Косово и Србија, вели Курти

January 12, 2023
1 min read

Изјавата на косовскиот премиер доаѓа еден ден откако високиот американски функционер Дерек Шоле побара од Косово да стави предлози на маса за формирање на Заедницата. Шоле, при вчерашната посета на Приштина, рече дека Косово мора да ги исполни сите обврски од дијалогот, вклучително и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека прашањето за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) може да се реши во рамките на евентуалниот договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Изјавата на Курти доаѓа еден ден откако високиот американски функционер Дерек Шоле побара од Косово да стави предлози на маса за формирање на Заедницата.

Шоле, висок советник на американскиот Стејт департмент, прецизираше дека Косово мора да ги исполни сите обврски од дијалогот, вклучително и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство.

Сепак, косовскиот премиер Курти повтори дека Уставот на Косово не дозволува моноетнички здруженија.

Заедницата на општините со српско мнозинство беше договорена во Брисел како дел од дијалогот меѓу Косово-Србија, но Уставниот суд на Косово утврди дека некои точки од тој договор не се во согласност со косовските закони. Но, Уставниот суд не кажа дека ЗСО не може да се формира туку дека несогласувањата може да се усогласат со статут, потсетува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Курти вели дека во моментов се разговара за целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија и додава дека во рамките на тој договор страните можат да се занимаваат со прашањето на Заедницата.

Тој, исто така, рече дека српската заедница во Косово има многубројни привилегии врз основа на планот на Марти Ахтисари. Тоа е документот врз основа на кој Косово прогласи независност во 2008 година и го подготви Уставот на Косово.

„Првата реченица од тој план, од тоа решение вели дека Косово треба да биде мултиетничко општество“,

подвлече Курти и додаде дека тоа значи дека моноетничките здруженија или институции не се во согласност со Уставот на Косово.

„Нудиме подобри и поголеми гаранции и права за сите малцинства или немнозински заедници во Косово и јас сум многу посветен на тоа. Но, без потценување на уставноста на нашата земја“,

додаде Курти.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постојано бараат од Косово да го почитува договорот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство. САД дури предупредија дека доколку не ја формира Владата на Косово, ќе бараат „алтернативни партнери“ за нејзино формирање.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во центарот на градот: Тепачка меѓу шест лица пред објект во градба

Следно

Во Шведска пронајдено наоѓалиште на ретки земјени метали

Latest from Blog

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло, додека Федералното истражно биро (ФБИ) предупредува на ирански дронови кои потенцијално би можеле да го

Почина Кирил Поп Христов – Кили

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Кирил Поп Христов – Кили почина на 58 годишна возраст. Кили починал на Еквадор каде живееше долги години. Таму се пресели во 2014 година Христов дипломира

Најдени се предмети кај судијата Ѓоко Ристов кои не ги чепкал до истекување на роковите?

Судскиот совет има сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Дел од предметите

Валверде:“Неверојатно! Секогаш сонуваш за вакво нешто!“

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, имаше свој коментар по неговиот феноменален настап против Манчестер Сити. Уругваецот постигна хет-трик против „граѓаните“ во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата
Go toTop