Вработените од Министерството за култура на протест, бараат зголемување на платите

March 24, 2023
1 min read

Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм денеса се собраа на протест пред Министерството за финансии, изразувајќи незадоволство поради своите месечни примања.

Како што изјави претседателот на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ, Бранко Костовски, платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари.

Тој додаде дека Синдикалната организација при Министерството за култура веќе има изготвено Предлог-текст на колективниот договор, кој предвидува објективно и коректно покачување на платите на вработените, за кој минатата година Министерството за финансии даде негативно мислење. Но по само неколку дена, како што напомена, со Законот за буџетите се утврди зголемување на платите од 30 отсто за вработените во Министерството за финансии.

– Ние го поздравуваме зголемувањето на платите на нашите колеги од Министерството за финансии, но истовремено бараме од министерот за финансии, Владата и премиерот да не дозволат нерамноправен третман на вработените во државните органи. Ги охрабруваме и нашите колеги во другите министерства да ни се придружат и заеднички да се избориме за она што ни следува. Ние имаме поддршка од раководството, од одговорните лица во Министерството за култура и ќе продолжиме по институционален пат да бараме покачување на платите, рече Костовски.

Тој додаде дека државната администрација не смее и не треба да се потценува со никакви квалификации, туку нејзината работа треба да биде признаена и вреднувана.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руски офицер осуден на шест и пол години затвор поради дезертерство

Следно

СПРЕМЕТЕ СИ ПОВЕЌЕ ПАРИ – поскапуваат патарините во Србија!

Latest from Blog

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија

Сања Божиновска на традиционалниот шведски концерт пред Божиќ

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи. „Секогаш е убаво

Децата во Австралија продолжија да ги користат социјалните мрежи и покрај забраната

На првиот ден од забраната за социјални мрежи во Австралија, родителите низ целата земја изјавија за ABC дека нивните деца продолжиле да ги користат популарните платформи и покрај забраната, додека системите за
Go toTop