Промоција на две изданија на списанието „Филозофска трибина“ ќе се одржи во КИЦ

March 24, 2023
1 min read

Филозофското друштво на Македонија денеска ќе промовира два нови броја од списанието „Филозофска трибина“ (31 и 32) со промотивна реч на проф. д-р Ристо Солунчев.

Во 31-виот број на „Филозофска трибина“ се поместени 10 авторски текстови на тема „Филозофската мисла во Македонија“, други два авторски текста, како и по еден текст од рубриките „Студентски форум“ и „Средношколски форум“.

„Филозофска трибина“ бр. 32, пак, ја сочинуваат девет авторски текстови на различни релевантни филозофски теми, два превода, по еден текст од рубриките „Студентски форум“ и „Средношколски форум“, три прикази на книги и поширок осврт кон 12. Филозофски филмски фестивал.

Двете изданија се поддржани од Министерството за култура и може да се најдат во книжарниците „Или Или“, „Култура – Во светот на книгите“ и „Буква“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриевски: Израмнив рекорд на величина како Милошевски, еден од најдобрите во историјата

Следно

Фон дер Лајен: ЕУ ќе организира конференција за руското киднапирање деца од Украина

Latest from Blog

Полицијата ги игнорирала предупредувањата за терористички напад пред масакрот на плажата Бонди

Навид Акрам и неговиот татко Саџид Акрам, кој беше убиен од полицијата за време на нападот на плажата Бонди, се обвинети дека пукале во недела, 14 декември 2025 година, околу десет минути

МЕПСО: Изборот на изведувач за далекуводот кон Албанија е според правилата на ЕБОР – избран е реномиран европски изведувач

АД МЕПСО соопшти дека постапката за избор на изведувач за проектот за изградба на 400 kV интерконективен далекувод со Албанија е спроведен во целосна согласност со највисоките меѓународни стандарди, правилата на ЕБРД

Инфантино дециден: Иран ќе игра на Мундијалот!

фото: El Comentario (X) Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги отфрли сите сомнежи и потврди дека иранската фудбалска репрезентација ќе учествува на претстојното Светско првенство, кое ќе се игра од 12 јуни

МЕПСО: Изборот на изведувач на далекуводот кон Албанија е според правилата на ЕБОР, „Далековод“ е реномиран и докажан изведувач кој работи по европски стандарди

АД МЕПСО соопшти дека постапката за избор на изведувач за проектот за изградба на 400 kV интерконективен далекувод со Албанија е спроведен во целосна согласност со највисоките меѓународни стандарди, правилата на ЕБРД

Иран е подготвен за преговори со САД, но под еден услов

Во телефонски разговор со јапонскиот премиер Санае Такаичи, шефот на дипломатијата на Иран, Абас Арагчи, го повтори ставот на Техеран дека несигурноста во регионот произлегува од американските дејствија, пишува Скај њуз. Тој
Go toTop