Општина Аеродром: Коалицијата Левица – СДСМ е против новите училишта и градинки

January 12, 2023
1 min read

Од општина Аеродром се огласија со реакција по повод обвинувањата од СДСМ и Левица. 

-Денешната прес-конференција на СДСМ и соопштенијата на Левица во изминатите денови, се уште една потврда за деструктивната коалиција помеѓу овие две политички партии. Тие сѐ уште се во обид за дефокус на јавноста од лошите и штетните политики кои СДСМ заедно со Левица ги реализира на централно ниво, а кои секојдневно ја носат држата во политичка, економска и финансиска бездна, се вели во реакцијата од општината. 

-Новите градинки, училишта и улици се новата реалност во Аеродром, а Зелената обврзница е инвестиција во објекти кои ќе донесат промени и подобар живот во Аеродром. Промени кои очигледно им пречат на коалицијата СДСМ и Левица, која донесе сиромаштија, криминал и корупција за граѓаните. Со лошите политики кои оваа коалиција кои се спроведуваат на централно и локално ниво, СДСМ и Левица неуспешно се обидоа да ја закочат и блокираат изградбата и реализацијата на проекти кои единствено ќе донесат подобро утре и подобар живот за граѓаните на Аеродром, појаснуваат од Аеродром. 

Од општина Аеродром велат дека остануваат посветени во процесот на реализацијата на капиталните проекти и инвестиции, и уште еднаш потсетуваат дека ова е, како што велат, обид за замајување на јавноста со лажни соопштенија и неточни информации и дефокус на јавноста од несекојдневните проблеми. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДОАЃААТ МИНУСНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ И СНЕГОТ – јануари во вистинско светло ќе ги покаже забите во следните неколку дена!

Следно

Град Скопје поднесе кривична пријава за Усје 12.1.2023

Latest from Blog

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop