Мицкоски за реконструкцијата на Владата: Бидете трпеливи, денови се во прашање

June 15, 2026
1 min read

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека по 17 јуни, кога е роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разговара за реконструкција на Владата. Тој истакна дека повеќе ќе се задржи на содржината отколку на големината на реконструкцијата.

„Не би навлегувале во големината, повеќе би се посветил на содржината на реконструкцијата. Сега сме посветени на роденденот на партијата што ќе се случи во среда, 17 јуни, на градскиот стадион во Струмица, и веќе следиот ден ќе почнеме со владините партнери да работиме на реконструкцијата, но повеќе ќе се задржам на содржината отколку на реконструкцијата“, одговори Мицкоски на новинарско прашање по отворањето на фабриката Brainchild во индустриската зона Жабени, Битола.

Тој ги повика новинарите да бидат трпеливи и дека наскоро ќе бидат објавени детали.

„Бидете трпеливи, денови се во прашање, да ги почнеме разговорите па ќе зборуваме повеќе детали“, рече Мицкоски.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Фото на денот на СП: Еве што правеа Јапонците по мечот во Далас!

Следно

Израелскиот министер за одбрана: Остануваме во Либан, Сирија и Газа, им кажавме на Американците

Latest from Blog

Инцидент во ИЗ „Жабени“: Две лица затекнати во забранета зона, полицијата постапува

Индустриската зона ,,Жабени” соопштува дека фатени се две лица кои недозволено се движеле на територија на зоната. Ова се случува само еден ден пред посетата на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на

Македонскиот зет блесна во дресот на Шведска против Тунис

Големиот триумф на репрезенатцијата на Шведска на тековниот Мундијал против Тунис од 5:1, го одбележа пред се импресивната изведба на напаѓачот Јасин Ајари. Напаѓачот на Брајтон рано изутринава во европско време погоди

Коњановски: „Брејнчајлд“ отвора ново поглавје за индустрискиот развој на Битола

Брејнчајлд продукција и производство е новооформена фабрика во Битола од страна на странски инвеститор, посветена да постави еколошко OEM производство. Таа донесе револуција за индустријата за кајтови и крилја. Во моментот во

Израелскиот министер за одбрана: Остануваме во Либан, Сирија и Газа, им кажавме на Американците

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху и јас имаме јасна политика дека Израелските одбранбени сили ќе останат во безбедносните зони во Либан, Сирија и Газа, без временско ограничување, за да ја заштитат границата и израелските
Go toTop