Ден на граѓанска непослушност: Масовни антивладини протести низ Израел

March 23, 2023
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Низ Израел се одржуваат масовни протести во рамките на „денот на граѓанска непослушност“ против реформата на законот со кој Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху ги ограничува овластувањата на правосудството, јавува Анадолу.

Власта продолжува чекор по чекор контроверзната правосудна реформа да помине низ Парламентот, а противниците на оваа реформа ја сметаат за мешање во судството и веќе 12 недели организираат протести.

Демонстрантите и денес излегоа на улиците и плоштадите низ Израел, а најголеми собири беа организирани во Тел Авив, каде што маршираа низ улиците и со израелски знамиња го извикуваа слоганот „демократија“.

Израелската полиција ги блокираше патиштата што водат до жариштата на демонстрациите.

Некои демонстранти, вклучително и група резервисти, ги покажаа израелското знаме и таканаречената израелска декларација за независност напишана на голем транспарент на ѕидовите на Стариот Град во окупираниот Источен Ерусалим.

Израелските медиуми јавуваат дека демонстрантите блокирале голем број улици и фреквентни раскрсници во повеќе градови во земјата.

Весникот „Хаарец“ пренесува дека во протестите се вклучиле и стотици вработени во индустриската компанија „Рафаел“, кои се собрале во комплексот.

Вработените во компанијата, која ги произведува и израелските системи за противвоздушна одбрана (Челична купола), не сакаа да зборуваат со медиумите, туку истакнаа транспаренти со пораки „Без демократија нема безбедност“ и „Ние сме челична купола на Израел“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије изрази солидарност со Пакистан по земјотресот

Следно

Лајка организира маскенбал за миленици, ќе има и награди

Latest from Blog

Кина ги предупреди САД и Израел: „НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР“

Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција насочена против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. „Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји, под каков било

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop