Туркије изрази солидарност со Пакистан по земјотресот

1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори со пакистански официјални лица за да ја изрази солидарноста на Анкара со Исламабад по земјотресот што се случи во вторникот, соопштија турски дипломатски извори, пренесува Анадолу.

Чавушоглу во телефонски разговор им изрази сочувство на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и на министерот за надворешни работи Билавал Буто Зардари заради земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, кој погоди поголем дел од Пакистан, како и соседните земји Индија и Авганистан, при што загинаа 14 лица.

„За возврат, Шариф и Зардари му се заблагодарија на Чавушоглу за солидарноста“, велат изворите.

„Нашите мисли и молитви се со погодените. Моето длабоко сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите во Пакистан и во Авганистан“, напиша Чавушоглу на Твитер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Барселона на лето ќе дозволи заминување на четири играчи

Следно

Ден на граѓанска непослушност: Масовни антивладини протести низ Израел

Latest from Blog