Во пресрет на Велигден и Бајрам, Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот

March 21, 2023
1 min read

Исто така, производителите се должни 70 отсто од производството на јајца да го пласираат на домашниот пазар. Одлуката опфаќа и обврска трговците редовно да прибавуваат свежи јајца од кокошка во количини што редовно ги произведувале во јануари и февруари

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

На околу еден месец пред Велигден и Бајрам, Владата одлучи да ги замрзне цените на јајцата од кокошка и оризот и да го ограничи извозот на јајцата.

Одлуката ја соопштија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши по денешната владина седница.

Цените се замрзнуваат на нивото на кое биле на 15 март, што значи дека не може да се продаваат по повисоки цени од тие што биле на тој датум.

„Донесовме одлука за понатамошно замрзнување на цените, меѓу кои јајцата од кокошка и оризот. Нивните највисоки цени ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година со важност до 30 април 2023 година. Трговците кои се регистрирани да вршат трговска дејност имаат обврска редовно да прибавуваат и да продаваат свежи јајца од кокошка во количини што редовно се прибавувале во јануари и февруари 2023 година“,

рече Ковачевски.

Тој посочи дека изминатиот период утврдиле дека има значаен пораст на цените на оризот и јајцата како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи. Затоа, производителите на јајца, согласно одлуката, сега имаат обврска 70 отсто од производството да го пласираат на домашен пазар што ќе значи дека можат да извезуваат максимум 30 отсто од производството.

„Во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостиг на јајца од кокошка, производителите најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што се набавувала во јануари и февруари 2023“,

рече премиерот.

Мерката, нагласи тој, е базирана на аргументирани факти и анализи кои се направени изминатиот период.

Ова е трета последователна одлука за замрзнување на цени годинава.

На владина седница на 28 февруари беше одлучено да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб со тежина од 450 грама и повеќе на максимални 33 денари.

Од 16 март, пак, Владата ги замрзна цените на тестенините и на млечните производи. Согласно оваа владина одлука, цените на макароните и шпагетите се намалија за 15 отсто, а на млечните производи (кравјо млеко, урда, сирење, кашкавал, павлака и јогурт) за 10 отсто од однос на цените кои биле на 1 март.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бахмут уште трае и уште троши

Следно

Туркије: Ердоган и Ал Судани на состанок во Анкара

Latest from Blog

Проданоски: Во детската енергија е иднината на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со ученици од основните училишта „Рампо Левката“, „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“, кои беа гости во просториите на Општината. На средбата се разговарало

Иранскиот врховен лидер испрати писмена порака до нацијата, не е виден во јавноста од март

Во писмена порака објавена денеска, тој повика на „уште поголеми напори“ за зачувување на единството на населението. „Вистинската суштина и внатрешната сила на иранскиот народ, во верата, надежта и акцијата, им се

Муцунски: Не е точно дека од државата се бараат само уставни измени

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на седницата за пратенички прашања во Собранието, истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, заснована на заштита на

Проданоски: Децата од Мало Коњари со песна и игра ја разубавија пролетта

Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари денеска се одржа настан исполнет со детска смеа, музика, игра и позитивна енергија, на кој присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Под мотото „Со
Go toTop