Денеска форумска сесија во Аеродром – граѓаните може да дадат предлози за локалните политики

March 20, 2023
1 min read

Денеска во просториите на ОУ ˶Лазо Ангеловски” кое се наоѓа на бул. АСНОМ бр, 192, во општина Аеродром со почеток во 18.00 часот ќе се одржи втората форумска сесија од циклусот на Форуми во заедницата која Општината ќе ги реализира во периодот на месец март и април, што претставува транспарентна и партиципативна форма на локално ниво – алка на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето на заеднички одлуки кои се важни за самата заедница и за нивниот живот.

На оваа сесија ќе се презентираат неколку развиени предлог концепти на приоретизирани проекти од областа на образованието. Форумскиот процес е отворен за сите граѓани кои преку активно учество со своите идеи и донесување одлуки ќе бидат дел од реализација на минимум 1, а максимум 3 проекти во износ од 50.000 УСД (20 % ко – финансиран од Општина Аеродром).

Целта е да се зголеми учеството на локалното население во процесот на креирање на политиките на локалната заедница и реализација на конкретните проекти кои ќе произлезат од форумските дискусии и дебати, велат од локалната самоуправа на Аеродром. 

Одржувањето на Форуми во заедницата, Општина Аеродром го реализира со финансиска поддршка и партнерство на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еквадор го потресе земјотрес со интензитет од 6,7 степени, загинаа најмалку 14 лица

Следно

Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Latest from Blog

Трамп: САД нема да брзаат со признавањето на Сомалиленд, прашањето треба детално да се проучи

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД нема брзо да го следат Израел во признавањето на независноста на Сомалиленд, наведувајќи дека прашањето сè уште треба да се „проучи детално“. „Сè е

ВИДЕО Еруптира вулканот Етна

Вулканот Етна на островот Сицилија вчера покажа обновени знаци на активност, исфрлајќи блескав материјал и мали количини пепел од својот североисточен кратер, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). Пладот

ВЛЕН одржа митинг во Скопје за поддршка на „Самоопределување“ пред косовските избори

Вчера, во просториите на Албанскиот театар во Скопје, коалицијата ВЛЕН организираше масовен митинг во поддршка на движењето „Самоопределување“, во пресрет на парламентарните избори што ќе се одржат на 28 декември во Косово.
Go toTop