Се стравува од најлошото сценариo: Четворица пријатели паднале во Дунав, само еден се спасил-некои работи се мистерија

March 19, 2023
1 min read

Единицата за безбедност на реките од синоќа трага по Милош М.(37), Ненад Т.(38) и Милан Н., кои синоќа околу 21 часот испаднаа од чамецот кај мостот Панчевац.

Според првичните информации, само Мане К.(37) успеал да исплива од Дунав.

Бил прегледан во Ургентен центар. Мане наводно дал изјава во полиција, но не можел да каже која е причината за превртувањето на пловилото. Тој рече дека „успеал да заплива во близина на кафаната „Код Рената“.

Низ грмушките, над насипот, целиот каллив, изгребан и исцрпен, човекот кој беше единствениот кој избега и успеа да исплива од Дунав кога се преврте чамецот, во кој имаше уште тројца мажи, некако се фати за брегот и се упатил кон првите куќи во Крњача каде побарал помош.

Како што се дознава, еден од тие тројца бил непливач, а како дошло до превртувањето се уште е нејасно, а нејасно е и што правеле синоќа на Дунав по силната струја која предизвикала големи бранови на реката.

Според неофицијални информации, еден маж од чамецот бил непливач, а неговиот појас бил пронајден на неколку стотини метри од Панчевскиот мост.

Како што се дознава, сите момчиња се семејни мажи, а сопругата на еден од нив е бремена.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во изминатото деноноќие произведени се 16.127 MWh електрична енергија

Следно

Циклонот „Фреди“ одзеде над 520 животи

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop