Ескобар: Ова е историска шанса

March 18, 2023
1 min read

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека фокусот не е на потпишувањето, туку на финализирање на анексот за спроведување на Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Според него, токму Охрид е денеска шанса Србија и Косово, но и целиот регион, да се оддалечат од 1999 година.

Страните не можат да изберат што да спроведат, а што не од овој договор, рече Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа реализирано во Охрид.

Како набљудувач, тој учествува на средбите меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Охрид, кои се со посредство на шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.

„Работиме под сенката на една од најголемите безбедносни закани за европскиот континент од Втората светска војна“, рече Ескобар, алудирајќи на руската инвазија на Украина.

Во оваа смисла, рече тој, важно е нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.

„Средбата на лидерите на Косово и Србија во Охрид е историска прилика“, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„Ова е навистина можност да се оддалечиме од настаните од 90-тите и да се оддалечиме од настаните од 1999 година и да тргнеме во 21 век. Тоа е можност не само за Србија и Косово, туку и за регионот во целина“, рече Ескобар.

Според него, во случај двете страни да не се договорат, тоа не би било чекор напред кон евроатлантските интеграции.

Ескобар посочи дека „сите земји од регионот треба да се признаат меѓусебно и да имаат мирни односи“.

По повод формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, Ескобар рече дека е малку веројатно таа некогаш да се трансформира во Република Српска (српски ентитет во Босна и Херцеговина), која постојано го доведува во прашање функционирањето на Босна и Херцеговина.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ОН: Четири милиони Авганистанци ќе добијат помалку храна поради недостиг на средства

Следно

Новиот португалски селектор не се откажува од Роналдо

Latest from Blog

Единствената земја што им забрануваше на жените да возат мотори конечно ја укинува забраната

Со години, во поединечни земји низ светот, на жените им беше забрането да управуваат автомобили или мотоцикли. Саудиска Арабија беше најпознатиот пример: до 2018 година жените не смееја да седнат зад воланот.

Златев до Димовски: Аргументите да си ги чуваш за на суд, ќе барам оштета исклучиво од твој запленет имот

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување. Известувањата, како што велат

СДСМ сè уште без кандидат за Пробиштип – дали партијата се повлекува од трката?

На само 28 дена до официјалниот почеток на изборната кампања за претстојните локални избори, СДСМ се нема изјаснето за кандидат за градоначалник на Пробиштип. Од сите општини кои ги раководат градоначалници на

Комерцијална и Алкалоид предводници на августовската берзанска активност

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 01.08.2025 до 29.08.2025 година, на Македонската берза беа реализирани вкупно 1.042 трансакции, со вкупен месечен

МБИ10 надолу за 0,10 %, акцијата на Реплек порасна за 2,86 %

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. 01 септември Скопје – Вкупниот остварен промет на денешната сесија на Македонската берза изнесуваше 596.495.542 денари, од кои
Go toTop