Коњановски: Подобри услови за децата со современ систем за греење во Битола

January 26, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на детската градинка „Росица“, која е дел од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ и подрачното училиште „Коле Канински“ во населбата „Буковски ливади“, со цел да изврши увид во новопоставениот современ систем за греење со топлински пумпи.

Оваа јавна установа, како што информираше директорката Весна Лозановска, беше дел од реализацијата на проектот „ЕУ за чист воздух“, имплементиран од Канцеларијата за проектни активности на Обединетите нации (UNOPS) и Општина Битола.

Проектот „ЕУ за чист воздух“, покрај засадените 1500 садници, во два образовни објекти во градот кои што нема да бидат приклучени на системот за Топлификација, реализира поставување на топлински пумпи за греење и ладење на објектите. Еден од тие објекти е и објектот во наслебата „Буковски Ливади“, каде што се сместени градинката и училиштето.

 

Директорката Лозановска му ја објасни целосната постапка на реализација на проектот на градончалникот Коњановски и посочи дека со свои средства при реализација на проектот учествуваше и градинката „Росица“, која обезбеди дел од потребните зафати за поставувањето на топлинските пумпи.

Директорката на училиштето Дијана Толевска-Христовска изрази задоволство од реализацијата на проектот со што и учениците имаат уште подобри услови за следење на образовниот процес.

Градоначалникот Коњановски ја констатираше придобивката во однос на новиот поставен топлински систем и благодетта која ја имаат дечињата, кои ги посетуваат градинката и училиштето. Тој нагласи и дека како дел од проектот, општина Битола има обврска во наредниот период да постави нова енергестки ефикасна фасада, со што топлинските загуби ќе се сведат на минимум, а воедно ќе се зголеми и заштитата на животната средина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ChatGPT користи „Грокипедија“ како извор

Следно

Кристијано Роналдо оди во пензија, ама во…

Latest from Blog

Внимавајте кога пребарувате на “Google” за здравје: Еве кој најчесто ви одговара на важни прашања

Функцијата за пребарување на „Google“ под име „AI Overviews“ го цитира „YouTube“ повеќе од кој било медицински веб-сајт кога одговара на прашања за здравствени состојби, покажува најновото истражување. Компанијата „Google“ соопшти дека

Николоски на Блаце: Поддршка за предупредувачкиот протест на превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска лично присуствуваше на граничниот премин Блаце, давајќи јасна поддршка на домашните превозници кои од денеска започнуваат седумдневен предупредувачки протест. Протестот е координиран и со

Проданоски меѓу учесниците на Самитот на балканските градови во Загреб

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски учествува на Самитот на мрежата на балкански градови (B40) во Загреб. Самитот се одржува под мотото „Градовите како двигатели на одржливиот развој“ и е посветен на теми
Go toTop