Во 21 век, на чекор од Велес: Илјадници жители и туристичкиот бисер оставени во мрак и на немилост од ЕВН

January 11, 2026
1 min read

ВЕЛЕС – Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана агонија. На само 8 километри од центарот на Велес, во зона која важи за туристички и рекреативен центар, прекините на електрична енергија станаа секојдневие, а трпението на граѓаните е целосно исцрпено.

Револтот кулминира бидејќи проблемот не е нов – тој трае повеќе од три години. И покрај уредното плаќање на сметките и редовното пријавување на дефектите, трајно решение нема.

„Прска“ струјата при секој дожд и ветер

 

Според сведоштвата на мештаните, мрежата е толку нестабилна што при најмал ветер или дожд, снабдувањето веднаш се прекинува.

„Не зборуваме за хаварии од големи размери, туку за секојдневни прекини. Доволно е малку да заврне или да дувне ветер за да останеме во мрак. Екипите на ЕВН доаѓаат, вршат некаква санација, но проблемот суштински не се решава. Ова е малтретирање,“ велат револтираните граѓани.

Загрозени се деца, бебиња и болни лица

Особено загрижувачка е состојбата во зимскиот период. Во овој регион, каде што живеат неколку илјади луѓе, вклучувајќи многу млади семејства со бебиња, мали деца и стари лица, прекинот на струја значи и прекин на греењето.

Жителите обвинуваат дека се оставени на немилост на ниските температури, а честите струјни удари предизвикуваат сериозни дефекти на апаратите за домаќинство, за кои никој не ги обесштетува.

Огромни загуби за стопанството и туризмот

Покрај домаќинствата, овој регион е дом на две поголеми населби и повеќе хотелски комплекси кои се клучни за локалниот туризам. Стопанските субјекти трпат огромни финансиски загуби поради неможноста да ги опслужат гостите, расипување на храна и опрема, и нарушување на репутацијата пред посетителите.

Најавени тужби и самоорганизирање

Бидејќи апелите до ЕВН досега не вродија со плод, граѓаните и бизнисмените од овој регион најавуваат радикализација на своите постапки.
Тие започнуваат со самоорганизирање и подготвуваат колективни тужби против ЕВН, но и претставки до сите надлежни државни институции. Бараат итна реконструкција на мрежата и стабилно снабдување со електрична енергија, соодветно за 21 век и за регион кој е на прагот на самиот град Велес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стоилковиќ: МЕ ИЗЕДЕ ТУЃИОТ СРАМ!

Следно

Во пад на авион загина познат пејач од Колумбија

Latest from Blog

Ретрограден Меркур во 2026: Три клучни датуми што можат да донесат хаос или можност

Ако мислевте дека изгубените клучеви, погрешно испратените пораки и техничките неуспеси се минато, астролозите имаат вести за вас. Годината 2026 носи три интензивни ретроградни циклуси на Меркур што ќе ја тестираат вашата

Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека денешниот изборен ден од повторените локални избори помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. Тој посочи дека граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право
Go toTop