Стоилковиќ: МЕ ИЗЕДЕ ТУЃИОТ СРАМ!

January 11, 2026
1 min read

МЕ ИЗЕДЕ ТУЃИОТ СРАМ! Лауреатите на идентитетскиот геноцид врз својот народ и родената држава – кои народот се повеќе ги препознава како политички абортуси, а македонскиот народ како фабричка грешка во националниот код, збрлавена глутница на изгубени души собрани „еден од ваму, друг оттаму“ и втерани во некогаш, нели славниот СДСМ, исклучиво заради личните интереси на највалканиот меѓу нив, желни за ронка внимание од македонската јавност, особено онаа патриотската, денес мене (во последно време нивната омилена тема, Вучиќ, Србија, српскиот народ) ми се настрвија, божем заради тоа што на Денот на Свети Стефан присуствував на прославата на Денот на Република Српска во Бања Лука, што, впрочем, го правам откако е воведен овој празник, и тоа воопшто не ме поколеба во мојот став, никогаш и по никоја цена да не ги загрозам интересите на македонската држава и на македонскиот народ по кое било прашање, како политичар, а пред сè како човек, за разлика од некои други, туку да се борам за нив насекаде, вклучувајќи го и овој собир, на кој помеѓу другите присуствуваа и Род Благојевиќ, еден од блиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, Едвард Хусон, универзитетски професор и геополитички аналитичар, како и многу други светски познати интелектуалци, пишува во својата реакција на Фејсбук вицеремиерот и министер Иван Стоилковиќ за обвинувањата упатени на негова сметка од страна на опозициската СДСМ.

„Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат на моето родољубие, напаѓајќи го мојот народ и мене без причина, не го разбирам безбожништвото со кое го прават тоа. Но, веројатно, е така кога Сонцето го гледате од Пеколот во кој самите сте се вовлекле и каде што не ви преостанува ништо друго освен да истурате салви гнасотии врз подобрите од себе и врз оние помили на народот. А што се однесува до придобивките од мојата посета на Бања Лука, цела Македонија има корист што видлива што невидлива од овие контакти вклучително и вие, кутри, мизерни , “Сироти мали (профитерски) хрчки”, пишува Стоилковиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Адвокатот Гентиан Сејрани е критичен кон постапката за избор на Константина Безиани, директор на комитет за национални малцинства во Албанија

Следно

Во 21 век, на чекор од Велес: Илјадници жители и туристичкиот бисер оставени во мрак и на немилост од ЕВН

Latest from Blog

Ретрограден Меркур во 2026: Три клучни датуми што можат да донесат хаос или можност

Ако мислевте дека изгубените клучеви, погрешно испратените пораки и техничките неуспеси се минато, астролозите имаат вести за вас. Годината 2026 носи три интензивни ретроградни циклуси на Меркур што ќе ја тестираат вашата

Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека денешниот изборен ден од повторените локални избори помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. Тој посочи дека граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право
Go toTop