Барџи го доби култниот дрес со бр.19 на Барса! (ФОТО)

January 10, 2026
1 min read
ФОТО: FC Barcelona/FB

Дури сега се гледа каков добар потег направи Барса со ангажманот на Рони Барџи летоска. Тој во последно време просто воодушевува а се истакна најмногу во полуфиналето против Билбао во Супер Купот на Шпанија, и затоа каталонците одлучија да направат важен чекор кога е во прашање овој млад офанзивец.
Човекот кој пристигна за само 2.000.000 евра од Копенхаген покажа во првиот дел од сезоната дека заслужува поголема шанса, а бидејќи беше регистриран за резервниот тим, официјално е член на првиот тим почнувајќи од вчера.
Тој беше регистриран за резервниот тим поради финансиски проблеми, а клубот одлучи да ја плати преостанатата сума пари за да го регистрира Барџи за првиот тим.
Покрај тоа, му беше доделен легендарниот дрес во Барселона, а тоа е бројот 19 што го носеа Патрик Клајверт, подоцна Лионел Меси и Ламин Јамал ​​додека не ја земаа “десетката“.
Барџи одигра 14 натпревари за првиот тим оваа сезона и постигна два гола во првенството.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Диди во писмо бара помилување од Трамп- веднаш доби одговор

Следно

АНЃУШЕВ: Батерии како одговор на вишокот електрична енергија и новите европски предизвици

Latest from Blog

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки, оштетувања на патна инфраструктура и евакуација на население, информира Центарот за управување

Дневен хороскоп за недела, 11-ти декември

Овен Љубов: Ова е поволен период за искрени и отворени разговори со партнерот. Внимавајте на импулсивни и себични реакции, бидејќи можат непотребно да создадат тензии. Работа: Одличен ден за презентирање идеи и
Go toTop