Повремени врнежи од дожд, попладне од снег

January 10, 2026
1 min read

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има локални врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени Целзиусови, а дневните ќе се задржат под нулата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скандал: Соиграчи на Алиоски се испотепаа меѓусебе среде натпревар! (ВИДЕО)

Следно

Флик одбра идеален напаѓач за Барса кој чини 65 милиони евра

Latest from Blog

Дневен хороскоп за недела, 11-ти декември

Овен Љубов: Ова е поволен период за искрени и отворени разговори со партнерот. Внимавајте на импулсивни и себични реакции, бидејќи можат непотребно да создадат тензии. Работа: Одличен ден за презентирање идеи и

Беше секс симбол, а сега е на раб на егзистенција- Мики Рурк на чекор да стане бездомник: Не барам милостина

На 73 години, актерот се соочува со финансиски и правни предизвици, дури и го доведува својот дом во Лос Анџелес во опасност поради долг од 60.000 долари за неплатена кирија. Во недела,

Бил Гејтс ѝ дал 8 милијарди долари на поранешната сопруга за да основа фондација

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ѝ испратил речиси осум милијарди американски долари на поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс за добротворни цели, со што нејзината фондација стана една од најголемите непрофитни организации во
Go toTop