Луис Енрике: Марсеј играше подобро од нас, Де Зерби е одличен тренер

January 9, 2026
1 min read
Фото: ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше среќен што го освои францускиот Суперкуп по победата по изведувањето на пенали над вечниот ривал Марсеј. Сепак, тој призна дека противникот се претстави подобро на овој натпревар и го пофали својот тренер Роберто Де Зерби.

„Беше многу напнато. Добро го започнавме натпреварот, но на крајот Марсеј играше многу силно и заслужено се врати во натпреварот. Беше исклучително тешко. Мислам дека играа подобро од нас, иако сè уште треба да го анализирам натпреварот“, рече Луис Енрике.

Шпанецот не пропушти да ги истакне квалитетите на својот противник за вечерта – Роберто Де Зерби. И покрај големото соперништво меѓу двата клуба, Енрике покажа длабока почит.

„Морам да му честитам на Де Зерби, кого сите го критикуваат. Тој е многу добар тренер“, инсистираше тренерот на Парижаните.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алкалоид, Комерцијална банка и Стопанска Банка најтргувани на денот

Следно

Грција повикува луѓе да живеат на остров: Бесплатно сместување, храна и 500 евра месечно (ВИДЕО)

Latest from Blog

Зеленски: Дијалогот со Америка мора да биде 100 проценти конструктивен

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето вечервашно обраќање изјави дека дијалогот со Америка мора да биде 100 проценти конструктивен. „Разговарав со Кирил Буданов (началник на Главната дирекција за разузнавање на Министерството

Прогласен е најопасниот град во светот, ВО ЕВРОПА ТОА Е – МАРСЕЈ

По него следуваат Преторија (Јужна Африка), Каракас (Венецуела) и Порт Морсби (Папуа Нова Гвинеја). Питермарицбург е град со богата, но и многу турбулентна историја. Тој е главен град на покраината Квазулу-Натал во
Go toTop