Славески: Пред нас е година на раст, стабилност и пониска инфлација

January 9, 2026
1 min read

„Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјава“. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во изјава за бизнис-магазинот „Економија и бизнис“, нагласувајќи дека јавните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, како и инфраструктурните проекти на локално ниво, ќе имаат важна улога во поддршката на економскиот раст.

Гувернерот Славески посочи дека значителен придонес кон економската активност ќе имаат и приватните инвестиции, особено во производствениот и енергетскиот сектор, поттикнати од солидниот прилив на странски директни инвестиции. Умерениот раст на расположливиот доход на домаќинствата, заедно со стабилната кредитна активност на банките, ќе обезбеди солидна лична потрошувачка. Покрај ова, постепената стабилизација на економиите на надворешните партнери и поповолните услови на размена би довеле до закрепнување на извозот на стоки и услуги, со што ќе се зајакнат позитивните економски движења.

-Сите овие фактори упатуваат на добри изгледи за годинава, со очекуван економски раст од околу 4%. Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и се очекува дека ќе се сведе на 2,5% годинава, по што постепено ќе се врати на својот историски просек од околу 2% – истакна гувернерот Славески, посочувајќи дека главните фактори за ваквите очекувања се поволните движења на светските цени, закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка.

 

Натамошната стабилизација на надворешната позиција на економијата ќе обезбеди дополнителен девизен потенцијал и соодветно ниво на девизни резерви, неопходни за одржувањето на стабилноста на домашната валута. Гувернерот истакна дека високата светска променливост и неизвесност и понатаму постојат. Народната банка внимателно ќе ги следи економските остварувања со цел да ја зачува ценовната и финансиската стабилност, а воедно и за да обезбеди поддршка за одржлив економски раст во наредниот период.

Извор: Нова Македонија

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Симеоне за инцидентот со Винисиус: Не се сеќавам, имам лошо памтење

Следно

Францускиот град Епинал ја претставува Битола во своето јануарско издание

Latest from Blog

Австралија: Повеќе од 250 пожари избувнаа во последните 24 часа, 19.000 корисници останаа без електрична енергија

Во австралиската федерална држава Викторија, во последните 24 часа избувнаа повеќе од 250 пожари, од кои 11 се во категоријата големи пожари и сè уште се активни, додека повеќе од 19.000 згради

МБИ10 со благ пад од 0,14%,се тргуваше со обврзниците за денационализација (РМДЕН22 и РМДЕН23)

Изготвено од Илирика Инвестмент АД Скопје врз основа на официјалните податоци од Македонска берза. Во текот на трговската недела од 05 до 09 јануари 2026 година, индексот МБИ10 оствари благ пад од

Гласаат болните и затворениците, утрe повторени избори за градоначалник во четири општини

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот
Go toTop