Во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта, четири лица загинаа, а 19 се повредени, објави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.
„Русите го нападнаа Киев со беспилотни летала. Беа погодени станбени згради, четири лица загинаа, а 19 беа повредени. Во округот Дарница, беспилотно летало се урна во дворот на станбена зграда. Продавницата до зградата беше делумно оштетена“, објави Кличко на Телеграм, пренесува Укринформ.
Кличко изјави дека избувнал пожар во нестанбена зграда во округот Дњепар и во станбена зграда во Печерскиот округ, а неколку автомобили биле запалени и како резултат на падот на остатоците од беспилотното летало.
Извор: tv21


