Македонската алијанса за европска интеграција: Притисоци за забрана на користење на македонските симболи во Албанија

January 8, 2026
1 min read

Според Годишниот извештај за 2025 година на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Македонците во Албанија во текот на изминатата година се соочиле со сериозни притисоци поврзани со ограничување на употребата на македонските национални симболи.

Во извештајот се наведува дека претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, припадник на грчкото малцинство во Албанија, во повеќе наврати побарала Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), македонските организации, како и Општина Пустец, да не го користат Сонцето од Кутлеш како свој симбол. Како образложение било наведено дека, согласно Преспанскиот договор, станувало збор за „грчки симбол“.

Од МАЕИ реагираат дека ваквите барања се неосновани и претставуваат директен обид за ограничување на правото на културно и идентитетско изразување на македонската заедница во Албанија. Партијата потенцира дека Сонцето од Кутлеш со години легално се користи од македонските организации и институции во Албанија, во согласност со важечкото албанско законодавство и без прекршување на каква било законска норма.

Во врска со овие притисоци, како што се наведува во извештајот, МАЕИ ги информирала надлежните албански институции, како и дипломатските претставништва на странските мисии во Албанија, меѓу кој и македонската амбасада. Притоа, било укажано дека ваквите обиди за забрана и оспорување на традиционалните симболи се недозволиви и спротивни на европските стандарди за заштита на правата на националните малцинства.

МАЕИ нагласува дека и во иднина ќе продолжи да ги брани правата на Македонците во Албанија и да реагира на секој обид за асимилација, дискриминација или ограничување на нивниот национален и културен идентитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Косова прес“: Груби виден во Приштина

Следно

Јувентус го исплати Тудор

Latest from Blog

Прогласен е најопасниот град во светот, ВО ЕВРОПА ТОА Е – МАРСЕЈ

По него следуваат Преторија (Јужна Африка), Каракас (Венецуела) и Порт Морсби (Папуа Нова Гвинеја). Питермарицбург е град со богата, но и многу турбулентна историја. Тој е главен град на покраината Квазулу-Натал во

ЗИМСКИ БРАН НА ВИРУСИ Носете маски, бројот на заболени нагло расте

Поради зголемениот број заболени од респираторни инфекции, Институтот „Батут“ и Министерството за здравство ги предупредуваат граѓаните да внимаваат особено во затворени простории. Во текот на зимските месеци, чекалните повторно се полни со
Go toTop