Коњановски: Сите служби се на терен, интервенциите продолжуваат и денеска

January 8, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска одржа координативен состанок со директорите на јавните претпријатија кои синоќа интервенираа на терен поради проблемите предизвикани од обилните врнежи од дожд. Дел од активностите продолжуваат и денеска.

Според податоците од мерната станица на хидро-системот „Стрежево“, за само 12 часа наврнале 42 литри дожд на метар квадратен, што е исклучително голема количина и причина за зголемен доток во водотеците. Во стрежевската акумулација во моментов има 67,2 милиони кубни метри вода, при што само во текот на вчерашниот ден се прибрани околу 3 милиони кубни метри.

Екипите на „Нискоградба“, „Водовод“, АД Водостопанство „Битолско поле“, хидро-системот „Стрежево“ и „Комуналец“ излегоа на терен уште во попладневните часови со засилувањето на врнежите. „Нискоградба“ интервенираше со тешка механизација во повеќе населени места и критични точки во градот и руралните средини. Краткотрајно излевање на реката „Курделес“ кај стариот „Прогрес“ предизвика застој на улиците „Крушевска“ и „Македонска фаланга“, но состојбата беше санирана за околу еден час, по што до доцна во ноќта се вршеше чистење на теренот.

Денеска интервенциите продолжуваат во повеќе населени места, меѓу кои Кравари, Канино, Барешани и Буковски ливади, како и на одредени канали и патни правци. „Водовод“ и АД Водостопанство „Битолско поле“ се ангажирани на расчистување на канали и регулирање на водотеците, додека „Стрежево“ интервенира на повеќе критични потези.

Коњановски истакна дека благодарение на навременото чистење на главните собирни канали во изминатата година, особено на петтиот канал, е избегната многу посериозна состојба. Тој нагласи дека, и покрај екстремните врнежи, градот немал сериозно поплавени улици, освен краткотрајниот застој поради излевањето на „Курделес“, и упати благодарност до сите екипи кои работеа и за време на празничната ноќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕ ОТВОРАЈТЕ НА СИЛА! Еве што треба да направите ако не можете да ги отворите вратите на автомобилот!

Следно

Ѓорѓиевски: Човечноста се мери преку делата – подготвени над 200 оброци за народните кујни во Скопје

Latest from Blog

Преку морничава пресметка е предвиден „точниот датум на крајот на светот“- би требало да се случи наскоро

Постојат безброј предвидувања за крајот на светот – едно од најраните е забележано пред речиси 4.800 години, кога еден писател од античка Асирија се пожалил на падот на моралните вредности кај помладата

Меџити од Долна Баница: Време е за конкретни дела, не за зборови

Вечерва во Долна Баница се почувствува силна поддршка од граѓаните за кандидатурата на Невзат Бејта. Без големи зборови и политички театри, жителите изразија јасна и цврста убеденост дека општината има потреба од

Последен извештај од 20:30 часот: Сообраќај во зимски услови, сите патишта се проодни

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Слаби врнежи oд снег има на Попова Шапка, а во Македонски Брод, Крушево и Ресен има слаби врнежи од снег
Go toTop