Градоначалникот Коњановски ги следи интервенциите по поплавите во Битола

January 7, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој вечерва е на терен информира дека кај стариот „Прогрес“ на улиците „Крушевска“ со „Македонска фаланга“ водата е повлечена, а екипи на јавните претпријатија „Водовод“, „Комуналец“, „Нискоградба“ и на противпожарната единица на Битола пристапија кон чистење на локацијата.

Во селото Кравари работат три машини на каналската мрежа, една од АД Водостопанство подружница „Битолско поле“ и две машини од јавното претпријатие “Водовод“.

Вечерва градоначалникот на Битола со екипи од „Битолско поле“ и другите јавни претпријатија беа на увид по течението на реката „Драгор“ до вливот на река „Црна“, при тоа ги посетија населените места Долно Оризари, Карамани и Трн. Состојбата е стабилна, реката „Драгор“ ги прибира сите води и ги носи во главниот реципиент реката „Црна“. На мерната станица на река „Црна“ кај Новаци, водостојот е 2,18 метри што е очекувано по обилните дождови. На мерната станица на „Стрежево“ измерени се 40 литри на метар квадратен во изминатите 12 часа, што е количина која по дефиниција предизвикува локални поплави.

 

 

Екипи на „Битолско поле“ од 16:00 часот биле на терен со машина роковопач на Новачки пат кај селото Логоварди по барање на жителите, направија увид на состојбата во Долно Оризари, Карамани, по течението на реката „Драгор“ и последната интервенција во селото Кравари во координација со јавните претпријатија и Општина Битола. Утре „Битолско поле“ со целата расположлива механизација продолжува на терен со санација.

Битолска „Нискоградба“ интервенира во селото Канино, на улицата „Скоевска“, а ќе се интервенира во Кажани, како и на влезот на Битола кај Горно Оризари.
Претходно интервенираа и над локалитетот „Хераклеа“, каде имаше проблем од надојдената вода, потоа на улицата „Солунска“ во населбата „Боримечка“, на Лавчански пат и населбата „Стрчин“.

Јавното претпријатие „Стрежево“ интервенира во селото Лера, заглавено дрво во малиот мост кој спречува истекување на водата. Од претпријатието информираат за многу надојдена вода во реката „Шемница“, а патот кој води за селото Доленци е привремено затворен за движење.

Екипите се на терен и секаде се следи состојбата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Манекенка „фатална“ за спортисти како Алонсо, Хамилтон, Кристијано…

Следно

Единаесет работи што ги прават нарцисоидните родители

Latest from Blog

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава

Како последица на обилните врнежи од дожд, денеска до 12:30 часот се регистрирани одрони, свлечишта и локални поплави во повеќе региони низ државата, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Штип

Николоски: Снегот се чисти редовно, сите патишта се безбедни за сообраќај

Сите патишта во државата се проодни, благодарение на интензивната работа на екипите на „Македонија пат“, кои се справуваат со обилните снежни врнежи што ја зафатија земјата. Вицепремиерот и министер за транспорт и

АНЃУШЕВ: Батерии како одговор на вишокот електрична енергија и новите европски предизвици

Батериските системи носат заштеди и нови приходи за сопствениците на фотоволтаични електрани, кои во изминатите две години се соочија со загуби поради прекумерно производство на електрична енергија во исто време, а од
Go toTop