Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката

January 7, 2026
1 min read

Детето ја наследува својата интелигенција од мајката, според новите научни истражувања. Хромозомот е наследен фактор во нашите клетки којшто ги пренесува гените на родителот во неговите / нејзините потомци, пренесува српскиот портал „Задоволна“ (Zadovoljna).

Жените имаат XX-хромозоми, а мажите имаат XY-хромозоми. Според научните сознанија, нашата интелигенција доаѓа директно од многу Х-хромозомите. Со оглед на тоа што мајката има два такви хромозома, веројатноста дека интелигенцијата се наследува од мајчината страна е двојно поголема.

Хромозомите на мајката, инаку, не се единствениот фактор што им помага на децата да станат поинтелигентни. Блиското поврзување и мајчинската љубов, се вели, исто така, значително влијаат на развојот на мозокот.

Важноста на емоционалните односи за развојот на мозокот ја докажаа истражувачите од Универзитетот во Вашингтон, кои открија дека сигурноста, приврзаноста и мајчинската љубов се клучни за правилниот раст на одредени делови од телото, вклучувајќи го и мозокот. Хипокампусот е дел од мозокот поврзан со меморијата, учењето и реакциите на стрес.

Истражувачите ја проучиле врската меѓу група мајки и нивните деца во траење од седум години и откриле дека хипокампусот на 13-годишните деца чии мајки им давале емоционална поддршка и интелектуална стимулација е за 10 отсто поголем во споредба со децата чии мајки биле емоционално повоздржани, појаснува написот.

Од друга страна, пак, XY-хромозомите што ги добиваме од таткото, се одговорни за физичките предиспозиции на детето.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Се излеа Вардар, има одрони, евакуирани се околу 60 лица во Кичево

Следно

Го нема Аморим, ама Јунајтед повторно не победува! Њукасл го “скрши“ Лидс со гол во 90+12.минута

Latest from Blog

Преку морничава пресметка е предвиден „точниот датум на крајот на светот“- би требало да се случи наскоро

Постојат безброј предвидувања за крајот на светот – едно од најраните е забележано пред речиси 4.800 години, кога еден писател од античка Асирија се пожалил на падот на моралните вредности кај помладата

Меџити од Долна Баница: Време е за конкретни дела, не за зборови

Вечерва во Долна Баница се почувствува силна поддршка од граѓаните за кандидатурата на Невзат Бејта. Без големи зборови и политички театри, жителите изразија јасна и цврста убеденост дека општината има потреба од
Go toTop