Челзи официјално го претстави новиот тренер

January 6, 2026
1 min read
Фото: ФК Челзи Х

Чекзи и официјално го потврди именувањето на Лиам Росениор за нов главен тренер на првиот тим. Англискиот стручњак потпиша договор со лондонскиот клуб до летото 2032 година. Росениор на „Стемфорд Бриџ“ го наследува Енцо Мареска, кој се раздели со клубот по сезона и пол, во која ги освои Светското клупско првенство и Конференциската лига.

Росениор (41) во Челзи пристигнува по ангажманот во францускиот РК Стразбур, со кој во својата прва сезона избори пласман во Европа – првпат по 19 години. Оваа сезона со Стразбур заврши на првото место во Конференциската лига. Претходно во Англија ги водеше Хал Сити и Дерби Каунти.

Во своето прво обраќање, Росениор изрази големо задоволство што ја презема новата улога.
„Исклучително сум понижен и почестен што сум именуван за главен тренер на Фудбалскиот клуб Челзи. Ова е клуб со единствен дух и горда историја на освојување трофеи. Моја задача е да го заштитам тој идентитет и да создадам тим кој ќе ги отсликува тие вредности на секој натпревар, додека продолжуваме да освојуваме трофеи. Довербата што ми е укажана значи многу за мене и сакам да им се заблагодарам на сите вклучени за шансата и вербата. Ќе дадам сè од себе за да донесам успех каков што овој клуб го заслужува“, додаде Росениор.

Новиот тренер на Челзи ги истакна вредностите кои ќе бидат клучни во неговата работа.

„Длабоко верувам во тимска работа, единство, заедништво и работа еден за друг – тие вредности ќе бидат во срцето на сè што правиме. Тие ќе бидат темелот на нашиот успех“, нагласи Росениор и продолжи:

Од Челзи порачаа дека Росениор докажал дека знае да гради тимови со јасен стил на игра, притоа поставувајќи највисоки стандарди за играчите и на теренот и надвор од него. Иако клубот има фокус на развој на играчите, очекувањата и амбициите остануваат високи. Во Челзи веруваат дека Росениор има способност брзо да го извлече најдоброто од тимот и да обезбеди клубот да продолжи да се натпреварува на највисоко ниво во сите натпреварувања.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судбината на правдата во две трагедии: Кран-Монтана и Кочани

Следно

Коњановски: Бадник во Битола – празник на верата и љубовта

Latest from Blog

Масовни протести низ Иран, исклучен интернетот во земјата – Трамп се закани на режимот

Масовни антивладини протести се одржуваат низ целиот Иран вечерва, вклучително и во главниот град Техеран. Ова е 12-та ноќ по ред како демонстрантите излегуваат на улиците, во бран немири предизвикани од тешката

Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, на Клиниката во Козле речиси комплетно е исполнет капацитетот, хоспитализирани се и доенчиња

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле на дневно ниво амбулантски се прегледуваат и до 250 пациенти, а хоспитализирани се 90-ина деца, со што болничкиот капацитет е речиси комплетно

ГОРИ ФАБРИКАТА НА „КОМОДИТА“, пожарникарите се борат со огнот во Ѓаковица (ВИДЕО)

Голем пожар попладнево ја вознемири Ѓаковица, откако избувна огнена стихија во фабриката за душеци „Комодита“. Густ црн чад се издигна над градот и беше видлив од километри, додека пламените јазици брзо го
Go toTop