Денеска и утре не се очекуваат блокади на Евзони

January 6, 2026
1 min read

Денеска и утре, поради празникот Водици во Грција, според најавите, грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин Евзони и сообраќајот се очекува да се одвива непречено, како што беше случај за Божиќ и за Нова година, со цел да се олесни патувањето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина,

Од друга страна, на граничниот премин Ники (Меџитлија), како што информираа од АМСМ, од 9 часот во прекин ќе биде сообраќајот за товарни возила.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, а ден подоцна, на 1 декември земјоделците од северна Грција нивните трактори ги паркираа на граничниот премин Евзони и секојдневно, на неколку часа го блокираа сообраќајот од и кон нашата земја за сите возила, со исклучок на деновите пред и по Божиќ, Нова година и сега за Богојавление, како што е случај со сите блокади низ цела Грција.

Во неделата, претставници на земјоделците од сите блокови на состанокот одлучија 48-часовна блокада во цела Грција, односно в четврток и петок да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци, како и граничните премини.

Според информациите на МИА, земјоделците од Евзони ќе учествуваат во конкретните 48-часовни активности, но планираат в среда да одржат состанок за да донесат одлука за видот на блокадата, односно дали граничниот премин ќе биде затворен два дена само за камиони или за сите возила.

Сепак, откако владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите соопшти дека „в среда наутро Владата ќе ги соопшти, во суштина ќе ги прецизира мерките што веќе се најавени“, земјоделците очекуваат да ги чујат овие мерки, па потоа ќе излезат со став, дали ќе одговорат позитивно и ќе ги прекинат протестите или пак ќе продолжат со планираната 48-часовна блокада.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откриена е огромната сума што Јунајтед ја плати за да го доведе и отпушти Аморим

Следно

Верувања за Бадник – ништо не треба да се позајмува, а она што е позајмено се бара назад

Latest from Blog

Јувентус го исплати Тудор

Менаџментот на Јувентус најде решение како да се ослободи од долговите кои што ги имаше кон сега веќе поранешниот тренер, Игор Тудор. Хрватот беше отпуштен, но секако дека имаше актуелен договор кој

Македонската алијанса за европска интеграција: Притисоци за забрана на користење на македонските симболи во Албанија

Според Годишниот извештај за 2025 година на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Македонците во Албанија во текот на изминатата година се соочиле со сериозни притисоци поврзани со ограничување на употребата на

„Косова прес“: Груби виден во Приштина

Косовската новинската агенција „Косова прес“ објави дека нивен извор вчера попладнето во Приштина го видел поранешниот вицепремие Артан Груби, кој повеке од една година е во бегство. Според косовскиот медиум, Груби се

Николовски: Вредните работници на „Македонија пат“ го обезбедуваат безбедниот сообраќај

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денес беше на терен за да се увери во состојбата на патните правци по последните снежни врнежи. Тој истакна дека сите патишта се
Go toTop