Денеска дожд, за Божиќ снег

January 6, 2026
1 min read

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Вo среда ќе има врнежи од дожд, локално пообилни над 25 литри на метар квадратен особено попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 километри на час).

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег. Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Во топлес и танги ја испрати 2025

Следно

Трамп: Не може сега да има избори во Венецуела, прво треба да ја поправиме земјата

Latest from Blog

Голомразица во Пробиштип – Екипите интервенираат на терен

Пробиштип – Поради ниските температури и исцедувањето на атмосферските води од вчерашните врнежи, на повеќе локации на патиштата во општина Пробиштип е забележана појава на голомразица. Екипите на ЈКП „Никола Карев“ и

Јувентус го исплати Тудор

Менаџментот на Јувентус најде решение како да се ослободи од долговите кои што ги имаше кон сега веќе поранешниот тренер, Игор Тудор. Хрватот беше отпуштен, но секако дека имаше актуелен договор кој

Македонската алијанса за европска интеграција: Притисоци за забрана на користење на македонските симболи во Албанија

Според Годишниот извештај за 2025 година на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Македонците во Албанија во текот на изминатата година се соочиле со сериозни притисоци поврзани со ограничување на употребата на

„Косова прес“: Груби виден во Приштина

Косовската новинската агенција „Косова прес“ објави дека нивен извор вчера попладнето во Приштина го видел поранешниот вицепремие Артан Груби, кој повеке од една година е во бегство. Според косовскиот медиум, Груби се
Go toTop