Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

January 5, 2026
1 min read

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ утре ќе се одржат Бадниковите поворки во 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.

Традиционално, одбележување на Бадник ќе има и пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Годинава бадникарски кум е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар музичарот Јаков Дренковски.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челзи со нов тренер веќе во среда на гостувањето кај Фулам?!

Следно

Близнаците да не бидат нервозни, Јарецот да избегнува да ги менува луѓето

Latest from Blog

Вучиќ најави ново оружје: “ПРВИ ЌЕ ГО ИМАМЕ ВО ЕВРОПА, 2026 година ќе биде најдобра во економска смисла“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во големо божиќно интервју зборуваше за сите актуелни и важни теми. Тој најави дека новата 2026 година ќе биде најдобра во економска смисла, а зборуваше и за

Се зголеми невработеноста во Германија

Стапката на невработеност во Германија во декември изнесува 6,2 отсто, а бројот на невработени се зголемил за 3.000 во споредба со октомври, достигнувајќи 2.908 милиони, покажуваат денес објавените податоци на тамошната Федерална

Предупредување за корисниците на Gmail

Корисниците на „Џимејл“ се предупредени да ги проверат своите поставки за приватност доколку се загрижени за тоа како „Гугл“ ги користи нивните податоци. На социјалните мрежи се прошири предупредување дека технолошката компанија
Go toTop