Најмалку 10 загинати во експлозија и пожар во познати швајцарски ски центар

January 1, 2026
1 min read

Најмалку 10 лица загинаа, а неколку се повредени во експлозија и пожар што избувнаа во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлизијата се случила околу 1:30 часот во локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината за несреќата е непозната.

Во соопштение за медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила за време кога во барот се одржувала новогодишна прослава.


Според извештаите, повеќе од 100 луѓе се наоѓале во барот и салонот „Ле Констелашн“ во алпскиот скијачки центар Кран-Монтана кога избувнал пожарот.

Се наведува дека барот имал капацитет за повеќе од 300 луѓе, но точниот број на луѓе во објектот во тој момент сè уште не е потврден.


Полицијата утрово извести дека службите за итни случаи се уште се на терен и дека е во тек голема спасувачка операција. Голем број полициски, противпожарни и спасувачки екипи беа испратени на местото на настанот и им пружаат помош на многу луѓе погодени од инцидентот.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Месечен хороскоп за јануари 2026 година

Следно

Божиновска: Новата година носи реформи и јасна визија во енергетиката

Latest from Blog

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава, кои на 2500 метри височина го одржуваат телекомуникацискиот систем на МВР во функција

Денеска, на првиот ден од новата година, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги посети полициските службеници од Одделот за информатика и телекомуникации на МВР, кои службено се ангажирани на врвот Солунска

Нејмар – сè ќе направи за Светското првенство

Нејмар очигледно стави крај на шпекулациите за преселба во Интер Мајами или враќање во Европа со тоа што се договори за нов договор со неговиот матичен клуб Сантос. Искусната бразилска суперѕвезда, која

Сведоци на трагедијата во Кран-Монтана: Се запали од пиротехника, пожарот се прошири со неверојатна брзина, луѓето врескаа, видовме црн чад!

Голема трагедија го погоди швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога пожар во популарен бар уби околу 40 луѓе, а околу стотина беа повредени. Според потврдени информации, пожарот избувнал околу 13:30

Годишен хороскоп за 2026 година

Овен Работа: Кога ќе ја „преживеете“ првата половина од годината, во втората веќе полесно ќе дишете и ќе можете да остварите долгорочни планови. Нептун на 26 јануари влегува во вашиот знак, па
Go toTop