Коњановски најави 53 реконструкции на улици и изградба на шест нови паркинзи во Битола

December 30, 2025
1 min read

На вчерашната седница на Советот на Општина Битола на која се носеше Буџетот за 2026 година, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски информираше за проектите кои се во тек и кои ќе отпочнат во годината пред нас.

Тригодишната развојна програма со измените изнесува 1.845.013.734,00 денари.

„53 реконструкции на коловози (улици и локални патишта ) во градот и во населените места на општина Битола, како и изградба на 6 паркинг простори.
Нови паркинзи ќе има кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, комплексот болници, на улицата „Браќа Џаферови“, позади зградата позната како „Кифлата“, на просторот кај местото викано кај „Хеликоптерот“.

 

Во делот на спортот и рекреацијата, се вбројува подготовката на проектна документација за мултифункционалниот спортски комплекс, изградба на атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“, тука се наоѓа и изработката на физибилити студија за изгрaдба на гондола, изградба на центар за спорт и рекреативни активности.

Во делот на јавното осветлување за улицата „Довлеџик“ преостанатиот дел од страната на влезот од Охрид, потоа улицата „8-ми септември“ влезот од страната на Прилеп. На улиците „Никола Тесла“, „11-ти март“ и „Панде Николов“, во АРМ четврт 1, улично осветлување кај комплекс болници и на уште пет други улици.

Со оваа развојна програма продолжува и изградбата на детска градинка во АРМ, како и доизградбата на противпожарната зграда, капитални проекти кои бараат подолг рок за реализација, но на кои сме целосно посветени, за што побрзо завршување.

Ќе работиме и на изградба и реконструкција на системи за одведување и прочистување на отпадни води на 25 локации, потоа изградба и реконструкција на систем за водоснабдување исто така на 25 локации.

Во делот на сообраќајната сигнализација ќе се реализира поставување на семафори на пешачките премини кај „Камен мост“ и „Епинал“ и поставување на хидраулични столбчиња во Старата чаршија.

Во капиталните расходи за основното образование, продолжуваме со нашата визија за подобри услови за учениците, поради што претстои комплетирање на проектите: Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица и изградба на три типски училишни спортски сали во ОУ „Стив Наумов“, подрачното училиште во Долно Оризари и во ОУ „Тодор Ангелевски“.

На почетокот на следната календарска година ќе започне изградбата на 6 спортски игралишта во училиштата „Гоце Делчев“, „Даме Груев“, „Коле Канински“, училиштето во Раштани, во „Гоце Делчев“ (поранешното турско училиште), во „Тодор Ангелевски“, како и реконструкцијата на 3 спортските игралишта во „Климент Охридски“, „Трифун Пановски“, „Ѓорги Сугарев“.

Секако, има уште многу проекти кои се во тек на реализација, како што се улици кои тековно се работат, но и капитални проекти од типот на новиот ГУП кој очекувам многу скоро да биде донесен“, информираше градоначалникот Коњановски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ со целосна реконструкција на теренот број 1 во ТЦ „Петар Милошевски“

Следно

ВЛЕН: Тетово во нов ритам на развој под водство на Билал Касами

Latest from Blog

Радост за најмладите, забава за сите: ‘Зимска приказна’ во Битола

Битола овие денови живее во празничен ритам со манифестацијата „Зимска приказна“, која носи богата и разновидна програма за сите генерации. На 30 и 31 декември, Офицерскиот дом, Старата чаршија и други локации

Ајакс врати непосакуван играч во Ливерпул

Фото: https://www.instagram.com/jamesmcconnelll На почетокот на оваа сезона, Ајакс бараше искусен дефанзивен играч од средниот ред. По заминувањето на ветеранот Џордан Хендерсон, им требаше лидерство. Но, човекот што дојде во Амстердам не се

Специјалниот известувач на ООН, Леврат: Инструментализацијата на малцинствата во Албанија од страна на Бугарија претставува сериозна закана за човековите права и безбедноста

Специјалниот известувач на Обединетите нации за малцински прашања, проф. Николас Леврат, обраќајќи се на Форумот за малцински прашања во седиштето на ОН во Женева, во рамки на официјалната сесија организирана од неговиот
Go toTop