Град Скопје и општините потпишаа Меморандум за претставување на главниот град како европски културен центар

December 29, 2025
1 min read

Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини со што се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоуправа, за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска на „Фејсбук“ напиша дека со потпишувањето официјално и целосно се откочуваат сите процеси поврзани со подготовката и реализацијата на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“.

– Со овој значаен чин се воспоставува јасна и цврста рамка за координирана, одговорна и партнерска соработка на сите нивоа на локалната самоуправа. Во периодот што следи, сите институционални капацитети, ресурси и човечки потенцијали ќе бидат обединети и ставени во служба на достоинствено, непречено и успешно спроведување на програмата „Скопје 2028“, во духот на европските вредности, културната разноликост и активното учество на граѓаните, смета Ѓорѓиевски.

Во објавата се наведува дека потпишувањето на меморандумот испраќа силна порака за заедништво, единство и институционална зрелост, како и јасна потврда дека Скопје е подготвено со одговорност и визија да ја понесе оваа значајна европска улога.

– Овој ден е повод за гордост за сите нас, за градот, за општините, за културниот сектор и за граѓаните. Тој е доказ дека кога сме обединети околу заедничка цел и јасна визија, Скопје може да биде силен, отворен и достоинствен европски културен центар. Со ова, проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ влегува во нова, стабилна и динамична фаза на реализација, во која културата, уметноста и граѓаните се во срцето на идниот развој на нашиот град. Најдоброто, доаѓа, додава градоначалникот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фановите гневни: Мбапе за тренер во својот клуб донесе некогашен играч на Арсенал и Сити!

Следно

Хамас ја потврди смртта на портпаролот на военото крило Абу Обеида

Latest from Blog

Зеленски: Украина сака безбедносни гаранции од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, побарал од САД да разгледаат можност за обезбедување безбедносни гаранции за Киев за период од 30

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка

Собранието попладнево, во рамки на 79. седница, донесе повеќе закони во скратена постапка. Усвоени беа измените и дополнувањата на законите за градење, за електронски комуникации, за вработување и осигурување во случај на
Go toTop