Јапонија ја рестартира најголемата нуклеарна централа во светот

December 24, 2025
1 min read

„ТОКИО Електрик Пауер“ (ТЕПКО) планира да ја рестартира првата единица од својата нуклеарна централа Кашивазаки-Карива, најголемата во светот, на 20 јануари следната година, изјави претседателот на компанијата Томиаки Кобајакава.

Оваа недела, префектурното собрание во Ниигата, регионот каде што се наоѓа централата, даде зелено светло за делумно рестартирање на централата Кашивазаки-Карива. Ова ќе биде прв таков случај за ТЕПКО по топењето на нуклеарниот реактор Фукушима Даичи во 2011 година.


Кашивазаки-Карива, која се наоѓа на околу 220 км северозападно од Токио, беше меѓу 54-те реактори кои беа затворени откако земјотресот и цунамито во 2011 година ја оштетија централата Фукушима Даичи, во најтешката нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил.

„Како компанија одговорна за несреќата во Фукушима Даичи, ќе ги примениме размислувањата и научените лекции. Ќе продолжиме со рестартирањето, прво по 14 години, почитувајќи ја безбедноста како врвен приоритет“, рече Кобајакава.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Данската државна пошта згаснува – луѓето сè помалку испраќаат писма

Следно

Тоневски: Детска насмевка и празнична магија во Општина Пробиштип

Latest from Blog

ВЕ БОЛАТ КОЛЕНАТА И КОСКИТЕ? Вклучете го ова во исхраната и зглобовите ќе бидат како „подмачкани“

Правилната исхрана богата со специфични нутриенти може да игра клучна улога во зачувувањето и можната регенерација на ’рскавицата, како и во долгорочното здравје на зглобовите. Болките во зглобовите и колената стануваат сè

ТУРИСТИТЕ И ГРАЃАНИТЕ И ВО НЕДЕЛА И ВО ПРАЗНИК ЌЕ МОЖАТ ДА КУПУВААТ НА ШИРОК СОКАК

Битола, продолжува да ја зацврстува својата позиција како врвна туристичка дестинација, нудејќи им на посетителите незаборавно искуство низ вековната историја и автентичната архитектура. Култното шеталиште Широк Сокак, со својот уникатен спој
Go toTop