Данската државна пошта згаснува – луѓето сè помалку испраќаат писма

December 24, 2025
1 min read

 Од 31 декември, данско-шведската поштенска компанија „Постнорд“, како што објави, веќе нема да врши достава на писма во Данска. Компанијата се одлучи на овој чекор поради замирањето на писмата – последниве 25 години, бројот на рачно напишани пораки испратени преку поштенските услуги е намален за повеќе од 90 отсто, се наведува.

Според историските податоци, како што објавуваат данските медиуми, првите писма во ова подрачје биле испратени со поштенски вагони уште во 1624 година. Точно 400 години подоцна, поштата изумира, бидејќи следните десетина дена, повеќе од 1.500 поштенски сандачиња на јавни места низ цела Данска – ќе бидат отстранети, но тоа во блиска иднина ќе значи и околу 1.500 луѓе кои ќе го изгубат работното место во државната поштата на земјата.

– Ние сме данска пошта 400 години, па ова е тешка одлука, но Данска е сè повеќе дигитална, што значи дека сега речиси и да нема писма испратени по пошта. Со оглед на падот на побарувачката, пазарот на писма повеќе не е профитабилен, објасни Ким Петерсен, заменик-извршен директор на „Постнорд“ за Данска.

„Постнорд“ како компанија е создадена 2009 година со спојување на шведската и данската пошта. Инаку, поштенските услуги во Шведска ќе продолжат, се вели во соопштението на властите.

Малкумината Данци што сè уште милуваат да испраќаат писма, тоа ќе можат да го чинат преку компанијата „Дао“, којашто го презема овој вид достава од 1 јануари. Данските прописи наложуваат организирање на доставата на писма, што значи дека ако и „Дао“ одлучи да престане со работа, Владата би била обврзана да назначи друга компанија да ја врши оваа дејност. Инаку, Законот за дигитален идентитет се користи за сè – од интернет-банкарство до лекарски прегледи, па повеќето официјални комуникации се одвиваат преку дигитална – наместо обична пошта. Само пет отсто од Данците одлучиле да се откажат од дигиталната пошта.

Според неодамнешно истражување на јавното мислење, бројот на млади Данци кои го чуваат стариот обичај на пишување писма се зголемува, а оние на возраст меѓу 18 и 34 години пишуваат писма два до три пати почесто од другите возрасни групи

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема кворум, одложена седницата на Судски совет

Следно

Јапонија ја рестартира најголемата нуклеарна централа во светот

Latest from Blog

Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, каде што присуствуваше на академско кафе со студентите и професорите, како и на свечената промоција

Проданоски ги израдува најмалите во прилепските градинки

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ги посети најмалите жители на детските градинки „Наша иднина“. Тој им подари новогодишни пакетчиња и заедно со децата се забавуваше, споделувајќи радост,

Артета: Требаше сè да одлучиме многу порано

Фото: ФЦ Арсенал/Твитер Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше пласманот на тимот во полуфиналето на Карабао Купот. „Топџиите“ го победија Кристал Палас на пенали и се пласираа во следната рунда. „Многу

Министерството за финансии: Редовни исплати на плати, субвенции и капитални расходи

Министерството за финансии информира дека трезорот продолжува со редовна исплата на налозите доставени од буџетските корисници до 15 декември 2025 година. Во изминатите неколку денови преку трезорот се реализирани средства за субвенции
Go toTop