Захарова: Непријателските акции на Естонија нема да останат без одговор

January 11, 2023
1 min read

Естонските власти треба да знаат дека нивното барање за ограничување на бројот на дипломати и персонал на Руската амбасада во Талин нема да остане без одговор, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

-За нас не е тајна дека Естонија е една од земјите кои се најмногу непријателски кон Русија. Русофобијата таму е официјална доктрина, рече Захарова.

Таа додаде дека во исто време Естонија „сака да ги задоволи своите спонзори од другата страна на океанот“.

Министерството за надворешни работи на Естонија денеска соопшти дека Русија мора да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Талин до 1 февруари.

Во соопштението се прецизира дека Русија мора да го намали бројот на дипломати на осум, колку што има Естонија во својата амбасада во Москва.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Изетбеговиќ по 23 години нема да биде на власт во БиХ

Следно

ВНИМАВАЈТЕ: Поради магла намалена видливост на овие патни правци

Latest from Blog

ЕМ БИЦЕПСИ, ЕМ БИЗНИС… Башка плус пеење

Миленикот на жените, пејачот Саша Ковачевиќ ѝ предложи брак на својата избраничка, Зорана Тасовац, а наводно платил дури 10.000 евра за свршеничкиот прстен. Саша Ковачевиќ има успешна кариера, но неговите приходи не

Тоневски: Доста апатија, време е за работа и конкретни проекти

На мини-митингот во Пробиштип, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, истакна дека градот по осум години стагнација заслужува нов правец на развој. Тој нагласи дека во првиот круг од локалните избори
Go toTop