Изетбеговиќ по 23 години нема да биде на власт во БиХ

January 11, 2023
1 min read

Претседателот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ за прв пат од 2000 година, нема да биде на ниту една функција во власта во Босна и Херцеговина.

По 23 години, како што објавија сараевските медиуми, Изетбеговиќ ќе биде само претседател на Партијата за демократска акција, бидејќи денеска беше потврдено дека нема да биде кандидат за делегат во Домот на народите на Босна и Херцеговина.

Од 2000 до 2002 година тој беше пратеник во Собранието на кантонот Сараево, од 2002 до 2006 година беше пратеник во Парламентот на Федерацијата БиХ, а од 2006 до 2010 година беше пратеник во Парламентот на БиХ.

Од 2010 до 2018 година беше член на Претседателството на БИХ, а во последниот мандат беше делегат во Домот на народите на БИХ.

Партијата за демократска акција денеска за Домот на народите на БИХ ги кандидираше поранешните членови на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ и Сафет Софтиќ. Во бошњачкиот клуб на делегати во Домот на народите на БИХ, Партијата за демократска акција треба да има двајца претставници, еден делегат ќе даде Демократскиот фронт (ДФ) на Жељко Комшиќ, додека уште двајца би требало да го предложи пробосанската коалиција „Осморка“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедија: 17 загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Следно

Захарова: Непријателските акции на Естонија нема да останат без одговор

Latest from Blog

Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027
Go toTop