Ден Елкајам од Франција, 27-годишен фудбалер кој играше за македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден во Австралија, е меѓу жрвтите на вчерашниот напад на популарната плажа Бонди во Сиднеј.
Елкајам е меѓу 15-те загинати во нападот, во кој беа убиени лица на возраст од 10 до 87 години, а исто така убиен беше и еден од двајцата напаѓачи.
„Целиот тим е скршен. Тоа е трагична загуба и се обидуваме да се справиме со неа. Ден беше составен член на нашиот состав во 2025 и исклучително талентирана и популарна личност меѓу соиграчите“, соопшти потпретседателот на Рокдејл Илинден, Лу Тасевски.
Рокдејл Илинден е клуб основан од австралиските Македонци во 1969 во Рокдејл, предградието на Сиднеј и денес се натпреварува во Премиерлигата на Нов Јужен Велс. Елкајам играше за клубот во последните 12 месеци.
Извор: tv21


