Телескопот Веб откри егзопланета со два огромни опаши од хелиум

December 15, 2025
1 min read

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб за првпат откри егзопланета што губи атмосфера и создава два џиновски опаши од хелиум, кои се протегаат долж орбитата околу матичната ѕвезда

На оддалеченост од околу 880 светлосни години, еден жежок егзопланет полека ја испушта својата атмосфера во вселената, при што создава два огромни опаши од хелиум кои се протегаат на повеќе од половина од патот околу неговата матична ѕвезда.

Ова е првпат ваква појава да биде забележана, а откритието е објавено во нова студија заснована на податоци од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, пренесува ScienceAlert.

Планета на екстреми

Во фокусот на истражувањето е WASP-121b, познат и како Тајлос (Tylos), егзопланета која веќе им е позната на научниците по своите необични карактеристики. На неа се забележани облаци од испарени метали, дождови од рубини и сафири, како и најбрзата атмосферска млазна струја досега регистрирана.

Таа припаѓа на категоријата ултражешки Јупитери – гасовити џинови слични на нашиот Јупитер, но кои орбитираат исклучително блиску до своите ѕвезди, поради што имаат екстремно високи температури. Тајлос е толку близу до својата ѕвезда што за една орбита му се потребни само 30 часа, што значи дека една година на оваа планета трае приближно колку еден ден на Земјата.

Поради таа близина, интензивното зрачење од ѕвездата ја загрева атмосферата на планетата на илјадници степени. Во такви екстремни услови, полесните гасови како водородот и хелиумот бегаат во вселената. Иако атмосферското „бегство“ често се случува постепено, на долг рок може значително да ја промени големината и составот на планетата, влијаејќи врз нејзината еволуција.

Револуционерно набљудување со телескопот Веб

Повеќето досегашни сознанија за губењето на атмосферата се темелеа на податоци собрани за време на планетарни транзити – кратки моменти кога планетата поминува пред својата ѕвезда. Таквите набљудувања, сепак, прикажуваат само мал дел од процесите што се одвиваат во текот на целата орбита.

Во новата студија, истражувачите со помош на телескопот Веб го набљудувале Тајлос речиси непрекинато околу 37 часа, со што опфатиле повеќе од една целосна орбита. Тие ја скенирале неговата патека во потрага по хелиум и откриле дека маглината од овој гас се протега далеку надвор од самата планета, зафаќајќи речиси 60 проценти од нејзината орбита.

Она што особено ги изненадило научниците е фактот дека Тајлос не создава само еден, туку два различни опаши. Едниот опаш заостанува зад планетата, додека другиот се протега пред неа. Двата се огромни и заедно покриваат област повеќе од 100 пати поголема од пречникот на самата планета.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ со Резолуција за крај на манипулациите на СДС за мигрантите, Резолуцијата носи сигурност, стабилност и јасен став против нелегалната миграција

Следно

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по пукањето

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора
Go toTop