Димитриеска-Кочоска: Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст

December 5, 2025
1 min read

Македонија зазема третата позиција во Европа по растот на бруто-домашниот производ (БДП), веднаш по Ирска и Данска, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција. Според податоците на Државниот завод за статистика, реалниот раст на БДП во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8%, што е забрзување во споредба со 2,9% во првиот и 3,5% во вториот квартал годинава. Кумулативниот раст за првите три квартали е 3,4%.

Главен двигател на економскиот раст се бруто-инвестициите, кои бележат зголемување од 30,6%, благодарение на растот на инвестициите во основни средства. Димитриеска-Кочоска истакна дека тоа е показател за високата доверба на инвеститорите во домашната економија, со значителен придонес од домашните компании и поддршката од Владата преку поволни кредитни линии.

„Високиот раст на инвестициите во овој период е резултат на комбинација на позитивни трендови, вклучувајќи капиталните инвестиции на Владата и оптимизацијата на нивните трошоци, како и интензивна реализација на инфраструктурни проекти како коридори 8 и 10“, рече министерката. Дополнително, значајна е и поддршката на општините за реализирање капитални проекти, со цел рамномерен регионален развој.

 

Освен инвестициите, растот на економијата го поддржува и финалната потрошувачка со зголемување од 1,8%. Во градежништвото растот изнесува 21%, услугите се зголемиле за 2,9%, секторот за информации и комуникации за 7,4%, стручните, научните и техничките дејности за 6,1%, додека трговијата и транспортот растат за 2,6%. Индустријата бележи раст од 1,3%, при што преработувачката индустрија се зголемува за 2,5%, а земјоделството бележи раст од 4,0%.

Министерката Димитриеска-Кочоска го оцени ова тримесечје како едно од најуспешните во последните години, подвлекувајќи дека Македонија покажува стабилен економски развој и раст на инвестициите и продуктивноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Победниците на „Средношколец-милионер“ добија поддршка од Коњановски

Следно

Објавен е списокот на домаќинства со право на субвенција за електрична енергија

Latest from Blog

Весна Змијанац примена во Ургентен центар

Пејачката најпрво се јавила во приватна здравствена установа поради општа слабост, малаксаност и поради тоа што целата лева страна од телото ѝ била вкочанета, пренесуваат локалните медиуми. Како што пишуваат медиумите, Весна

Светски ден на турското кафе: „ШОЛЈА КАФЕ ОБВРЗУВА НА 40 ГОДИНИ ПРИЈАТЕЛСТВО“

Турската агенција за развој и промоција на туризмот соопшти дека денес се одбележува Светскиот ден на турското кафе, кое од 2013 година се наоѓа на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО,

Тухел за СП 2026 има подготвено необична тактика која изненади многумина

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, најави дека размислува за необична тактика за Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. На денот кога се одржува ждрепката за

Волонтерството во Битола доби заслужено признание на Меѓународниот ден на волонтерите

5-ти декември е Меѓународниот ден на волонтерите и на овој ден секоја година се доделуваат наградите за најдобри волонтери кои со своите активности и ангажмани го поттикнуваат и промовираат волонтерството во Битола.
Go toTop